ЏАБИР ДЕРАЛА
„Иницијативата не е одбиена, таа е вратена на корекција. Спикерот Џафери силеџиски, како да е уставен судија, ни ја врати иницијативата да ја усогласиме во рок од 15 дена. Ние, впрочем тоа и ќе го направиме“ – го цитира партиското гласило своето шефче.
Претседателот на Собранието, Џафери, му ја вратил иницијативата за антиевропски референдум што го поднело правничето со „план Б“. Ама како му ја вратил? Силеџиски! Можеше шефчето на врескавата ултрадесничарска партија со лажно име да го нарече тоа на многу други начини. Но за него постапката на враќање на доработка (не одбивање) е силеџиство. На кој тоа начин може да биде силеџиска одлуката? Дошол Џафери му ја удрил од глава, што ли? Или тоа говори само уплашеното човече? Недораснато на задачите што му ги испорачува амбасадата на една источна земја.
„Не смее да се дрзне да ја одбие, бидејќи во спротивно ќе го блокираме целото Собрание – тоа не е негова сопственост“ – го цитираат неговите лајтнанти во партиското гласило.
Значи, прво цимоли, се жали на силеџиството на Џафери, а потоа му се чатали, за на крајот да се закани. Ќе го блокирал „целото Собрание“. Не половина, не четвртина, туку „целото“.
Со сите двајца пратеници, ултрадесното политичко кускуле кое лажно се нарекува „левичар“ ќе го блокирал „целото Собрание“. Каква будала!
ПС. Знам, другарки и другари, не заслужува да пишувам за него, ама многу ме изнасмеа, морав да споделам. Добра ноќ.