• Latest

СЈО: Судот повторно го одби СЈО за компјутерските системи на телекомуникацискиот оператор!

December 2, 2016
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СЈО: Судот повторно го одби СЈО за компјутерските системи на телекомуникацискиот оператор!

December 2, 2016 17:54
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, во состав – Владимир Панчевски, претседател и судиите Дијана Груевска Илиевска и Љубинка Башевска, по вторпат одби да издаде наредба за пребарување на компјутерските системи кај телекомуникацискиот оператор, потврдувајќи ја несогласноста која ја изразил судијата на претходна постапка.

Од Специјалното јавно обвинителство информираат дека Судот го користи истото образложение за наводно, нејасно и непрецизно барање, иако во барањето јасно е наведено дека се бараат компјутерски податоци складирани во сервери, што се однесуваат на записи од кои може да се утврди кои сé телефонски броеви биле предмет на следење на комуникациите.

„Исто така, за Судот е нејасно како ова Jавно обвинителство ја утврдило локацијата на серверите, иако во јавноста веќе беше објавено дека ваквите податоци се обезбедени токму од телекомуникацискиот оператор. Во оваа насока, сакаме да истакнеме дека Судот тврди дека уредите за кои е побаран претресот ‘се сервери кои се преносливи, односно се уреди кои можат да ја променат својата моментална локација’, без да каже на кои докази го базира ваквото становиште. Потсетуваме дека претходната наредба за пребарување на компјутерски системи беше одбиена токму поради нејзина наводна непрецизност околу локацијата на серверите на кои е потребно да се изврши претрес, па нејасно е зошто Судот го менува ставот околу потребата од дефинирање на локацијата каде се наоѓаат серверите“ сопштуваат од СЈО.

Kривичниот совет во ист состав ја одбил како неоснована и жалбата против решението на судијата за претходна постапка, Елена Јосифовиќ, со кое беше одбиено барањето на СЈО за одземање на компјутери од Управата за безбедност и контраразузнавање.

„Напомнуваме дека согласно член 41 од Законот за кривична постапка заради остварување на функцијата на кривично гонење, јавниот обвинител е оној кој раководи со предистражната постапка, а согласно член 291 од истиот закон, истражната постапка ја спроведува исто така јавниот обвинител. Имајќи го предвид наведеното, како и фактот дека од страна на судии во истиот суд веќе се издавани наредби за одземање на предмети и пребарување во компјутерски системи по однос на истиот предмет на истражување, нејасно е зошто речиси без исклучок се одбиваат барањата кои ова Јавно обвинителство ги упатува, а по кои постапуваат споменатите судии“, велат од СЈО.

Од СЈО укажуваат и дека едното решение е донесено на 29 ноември 2016 година, додека другото на 1 декември 2016 година, но двете им се доставени денес.

„Се повторува праксата на Судот, доставата на одлуките со кои се одбиваат барањата на ова Јавно обвинителство, најчесто да се врши во петок. Исто така, ја известуваме јавноста дека сé уште не ни е доставен записникот од одржаното рочиште за подготовка на главната расправа кај судијата Лидија Петровска“, соопштуваат од СЈО.

Д. Муратов

Tags: Владимир ПанчевскиДијана Груевска ИлиевскаЕлена ЈосифовиќЗакон за кривична постапкаЛидија ПетровскаЉубинка БашевскаОсновен суд Скопје 1СЈОтелекомуникациски операторУБК
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ