• Latest

Со ваков Избирачки список, ќе има повреда на правото на глас

October 10, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со ваков Избирачки список, ќе има повреда на правото на глас

October 10, 2017 18:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прес конференцијата за наодите од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ започна со видео изјава од граѓанин кој е избришан од Избирачкиот список, а наспроти ветувањата од ДИК, сè уште не е на списокот. Претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, сподели дел од анализата на ЦИВИЛ за работата на ДИК со јавноста и најави дека може да се очекува повреда на правото на глас на изборниот ден, како што беше случај со изборите во 2016 година.

„Имаме безброј примери дека администрацијата на ДИК не успева да им излезе во пресрет на граѓанките и граѓаните. Имаме ситуации кога граѓаните реагираат дека имаат фантоми на своите адреси, а потоа, во корекцијата на Избирачкиот список, токму тие граѓани кои го пријавиле тоа, да исчезнат, а да останат фантомите. Исто така, и во овој период фантомите се селат од една на друга адреса. Во еден случај имаме коригиран Избирачки список во кој останува само еден фантом, а по извесно време по проверката на тој фантом му се придружува уште една фантомка“ изјави Дерала.

Што се однесува до ДИК, и покрај тоа што ги пофали за нивно подобрување во однос на транспарентноста, Дерала сепак изрази надеж дека поканите за прес-конференции и за седници на ДИК нема да стигнуваат 19 минути пред почетокот, со оглед дека  седниците се често во попладневните часови.

На почетокот на прес-конференцијата беа презентирни основните податоци за мониторингот на ЦИВИЛ-Центар за слобода. ЦИВИЛ ќе ги набљудува локалните избори со вкупно 191 акредитиран набљудувач.

„ЦИВИЛ покрај интензивната соработка со своите набљудувачи, соработува и ќе соработува со граѓанските новинарки и новинари, како и со соработниците и дописниците на ЦИВИЛ Медиа“, истакна Дерала.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКизбирачки списокизвештајлокални изборинабљудувачипрес конференцијафантомиЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result