• Latest

Собранието не прифати по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за амнестија на лицата осудени за настаните на 27 април 2017

March 16, 2023

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието не прифати по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за амнестија на лицата осудени за настаните на 27 април 2017

March 16, 2023 19:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието попладнево на 106-тата седница не беше прифатено по скратена постапка да се донесе Предлог-закон за амнестија на лицата осудени за настаните во Собранието на 27 април 2017, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на иницијатива на адвокатите Јанаки Митревски и Драган Пешевски.

Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ во образложението ги повика колегите пратеници да се одважат и да покажат простување и помирување, како што рече,  да излезат од длабоките ровови на омраза, реваншизам и мизантропија, да покажат човечност и да не гледаат од која страна доаѓа предлогот.

За осудата на лицата за настаните од 27 април, кои се шест години во затвор, рече дека е најголема македонска неправда во поновата историја.

Со 27-ми, рече Стојаноска, се отиде предалеку, неправедно се обвинети и неправедно осудени. Според неа, за овој предлог е потребен консензус и ова е начин „да се исправи огромна неправда нанесена кон осудените на драконски казни затвор, како и исчекор кон вистинско помирување во општеството и враќање на довербата во правосудство која во изминатата година се сведе на четири отсто“.

Се работи за лица кои шеста година се во затвор за дело, како што рече пратеничката, што не го сториле, а 16 од нив или повеќе од половината лежат обвинети како терористи.

– За мене и мојата пратеничка група тие се уставобранители…Не знаеја тие дека некој стои зад ова и кој контролирал многу повеќе, многу порано и многу подоцна. Не знаеја ама не им дозволија ни македонските судови тоа да го докажат. Ги вметна Заев во еден политички монтиран случај кој заврши како на брза лента и заврши со нивна затворска казна од преку два века. Судските постапки што следуваа беа компромитирани, пред се, од политичарите…Произлегоа најразлични правни односно политички квалификации кои целосно ги контаминираа судските процеси…прогласувајќи ги осудените за државни непријатели и терористи при што не се виде ниту еден доказ за објективно докажани намери за непријателска дејност против државата, рече Стојаноска.

Беше усвоен предлогот на група пратеници по скратена постапка да се донесе Предлог-закон за амнестија која, како што образложи пратеникот Панчо Минов, се однесува на прекршување на рестриктивните мерки за време на вонредна состојба во периодот на КОВИД-пандемијата кога имаше ограничување на движењето.

Минов рече дека поради тоа што има многу казниви дела за кои се пресудени парични казни, се предлага преиначување на парична казна во алтернативна т.е. условна казна, со тоа што за тие што се казнети со над илјада евра во денарска противвредност преиначувањето да биде условна казна од три години кога не смеат да сторат исто или слично дело, а оние казнети до илјада евра -условна казна од две години. Тие, пак, што отпочнале со исплата на парична казна, зависно од тоа колкав е износот на казната што ја добиле, над или под илјада евра, да им се одреди условна казна. Минов рече дека предлогот се однесува на точна категорија сторители и преиначувањето на казната нема да бидат опфатени правни лица и одговорни лица кај правни лица.

Во рамки на седницата не беше усвоен предлогот на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ да се симне од дневен ред по скратена постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри зашто, како што рече, се злоупотребува европското знаменце. Јован Јаулески, пак, побара дневниот ред да се дополни со Предлог-закон за субвенциониран студентски оброк и зголемување на дневниот износ од ова право за студентите од 120 на 160 денари.

Пратениците попладнево изгласаа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Северна Македонија со што ќе се овозможи нивелирање на платите на вработените во законодавниот дом согласно со покачувањето на минималната плата.

Беше изгласана и Одлука за испраќање припадник на Армијата на РСМ за учество во меѓународната операција на ЕУ „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Собранието денеска го верификуваше мандатот на пратеникот Ремзи Мехмети на местото на Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците кој поднесе оставка поради назначување на директорка функција на МЕПСО.

До 18.30 часот пленарната седница е на пауза. Во меѓувреме, собраниската Комисија за здравство ќе има седница зашто пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа први точки на дневен ред од 106-тата седница да бидат измените и дополнувањат на Законот за здравствено осигурување, по скратена постапка и дополнувањето на Законот за лекови и медицински средства.

Tags: 27 априлЗакон за амнестијаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ