• Latest

Собранието поддржа скратена постапка за законски измени за пролонгирање на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

April 1, 2024

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Собранието поддржа скратена постапка за законски измени за пролонгирање на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

April 1, 2024 14:33
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на денешната 150-та итна седница со 78 гласа „за“ даде поддршка на предлогот на Владата да се донесе по скратена постапка Предлог законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид.

Со овој предлог-закон се бара до крајот на 2026 година да се пролонгира рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид. Владата минатата недела на седница утврди предлог одредби за законски дополнувања со цел склучување нов, шести по ред анекс на Договорот за изградба со кинески „Синохидро“. Следни постапки за Предлог-законот се расправи во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во образложение на Предлог-законот истакна дека според добиените дописи, мислења и укажувања од страна на надзорот и ФИДИК експертот кој бил ангажиран од страна на Јавното претпријатие за државни патишта и Владата, прогресот на работите е 83,84 проценти, со што Владата прадлага до Собранието продолжување на рокот за реализација на овој проект.

-Законот не повлекува дополнителни финансиски импликации. Причините за продолжување на рокот на реализација на овој проект се добро познати на јавноста – поради појавувањето во најголем дел на 13 нови свлечишта на самата траса за која е потребно дополнително проектирање на технички решенија со цел да се решат пропустите во техничката документација кои се пријавија при реализацијата на овој проект, рече тој.

Во однос на реализацијата на проектот по одделни објекти на трасата, Бочварски информира дека објектите се реализирани со 88 проценти, тунелите со 93 проценти, ископот на земјениот материјал со 83 проценти.

-Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа Информацијата за потребата од донесување Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување Анекс бр.6 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид и ги утврди предлог одредбите на дополнувањето. Со утврдените законски дополнувања, 31.12.2026 година се предвидува како краен рок до кога изведувачот треба да ги заврши работите на оваа автопатска делница. Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта што се појавија на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, информираше минатата недела владината прес-служба во соопштение по седницата.

Автопатската делница Кичево-Охрид на Коридорот 8 почна да се гради во февруари 2014 година. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколку анекси на Договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра. Тој износ според Министерството за транспорт и врски нема да се менува и покрај пролонгирањето на рокот.

Tags: автопат Кичево-Охрид
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ