• Latest

Собранието усвои Етички кодекс

June 11, 2018

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието усвои Етички кодекс

June 11, 2018 13:10
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието во рамки на 47. седница  денеска едногласно со „84“ гласа усвои Кодекс за етичко однесување на пратениците. Целта на документот е да ја зајакне етиката кај пратениците и да ја зголеми довербата во Парламентот како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт. 

Финалното усогласување на Етичкиот кодекс пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата го постиганаа на превата средба во рамии на Жан Моне процесот во Охрид во мај годинава. Во тек е усогласување на измените на Деловникот за работа на Собранието, што исто така беше на дневен ред на оваа средба.

Во текот на расправата, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека текстот на кодексот е добра основа за надградба  на етичките правила во иднина, но оти е еден од идните чекори на патеката од повеќе километри.

Според Димовски, клучно за тоа дали овој парламентарен состав има капацитет и сила да си ја свати улогата и поимот што треба да работи, ќе биде дали и какви измени на Деловникот и на изборното законодавство ќе донесе наесен.

– Ако го постигнеме тоа, сигурен сум дека Владата ќе се чувствува многу поодговорно и повнимателно и многу повеќе ќе трепери од секое доаѓање во Собранието каде 120 достојни дами и господа треба да бидат во име на граѓаните, контрола на се што прави власта со сите механизми со кои располага. Ова е во ред, но е само еден чекор на патека од повеќе километри, рече Димовски.

Тој наведе и дека Собранието во целост не си ја извршува уставната улога како највисок државен орган и контролен орган врз извршната власт.

Според координаторот на СДСМ Томислав Тунтев, ова е свечен ден во Собранието затоа што првпат се носи документ како прв чекор кон регулирање на односот на пратениците во Парламентот сами кон себе, кон колегите, кон јавноста и кон институциите.

– Затоа мислам дека ова е голем чекор напред кон она што веќе подолго време го заговараме дека не можеме да  очекуваме никој да ја почитува институцијата пратеник или Собрание доколку со своето однесување токму пратениците не покажат дека се достојни за почит и не покажеме дека ги знаеме, владееме и умееме да  ги користиме основните универзални вредности од аспект на морал, етика,  професионалност, стручност, колегијалност, рече Тунтев.

Тој негираше дека се носат закони по скратена постапка и дека Собранието е гласачка машина. За една година, како што рече, се поднесени 157 закони, од кои 43 во скратена постапка, дел од Владата, поголем дел од пратеници, а во шест од нив учествувале и власта и опозицијата. Наспроти тоа од 2010 до 2014 од 907 донесени закони 297 закони во скратена. Во 2015 година опозицијата не беше присутна во Собранието и од 574 закони 339 беа по скратена постаока.

Артан Груби од ДУИ побара како што надвалдеа духот на консензусот при  подготовката на кодексот така и да се продолжи при носењето на Деловникот, други закони со  двотретинско мнозинство и Планот 18 на Владата.

– Даваме целосна поддршка затоа што кодексот е исполнување на реформска обврска добиена како мнозинство и како парламентарен состав во Собранието и се надевам во истиот дух да го измениме и Деловникот. Поентата е да се превенира како била можност на влијание врз пратениците, посочи Груби.

Според Етичкиот кодекст, пратеникот во вршењето на својата функција треба да се придржува кон основните етички начела, да ја извршува својата функција без дискриминација, да се води од јавниот интерес и да ја почитува личноста на секој поединец.

Пратеникот не смее да ги прекинува говорниците и да дофрлува од местото или на кој било начин да го нарушува текот на седницата и да користи навреди, фрази и гестикулации со кои можат да се навредат другите пратеници или носители на јавни функции. Пратеникот се воздржува од говори со кои може да предизвика омраза и насилство, треба да ги почитува правилата на однесување, правилата кои се однесуваат на спречување на судирот на јавниот и приватниот интерес, забраната на корупција и забраната на примање подароци. Во кодексот се нормираат лесни и тешки повреди на кодексот, за кои се предвидуваат и мерки, како што се: опомена за лесните повреди и јавна опомена за тешките повреди.

На 47. седница на Собранието беа усвоени и Одлука за испраќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите Нации „UNIFIL“ во Либан, како и законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина.

(МИА)

Tags: Ана ПетрушеваЕтички кодексседницаСобрание на Република Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ