• Latest

Собраниска седница придружена од народна музика

October 15, 2018

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собраниска седница придружена од народна музика

October 15, 2018 15:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Македонија ја започна 61 седница на која на дневен ред e Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување поднесен од Владата.

Образложувајќи го предлогот премиерот Зоран Заев потенцираше дека сега најголемата одговорност за иднината на земјата е во рацете на пратениците. Ги повика сите да гласаат по сопствена волја, особено оние што се двоумат, да размислат како ќе гласаат.

– Погледнете во иднината, во иднината на вашите деца, рече премиерот, додавајаќи дека волјата на граѓаните е државата да оди напред, рече премиерот.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ пред гласањето за дневниот ред побара точката да биде симната бидејќи, како што кажа, ова прашање нема ниту изборен, ниту референдумски кредибилитет. За предлогот на Димовски гласаа 39 пратеници, а против беа 67.

Во салата се пратениците од сите пратенички групи, а на седницата присуствува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Пред почетокот на денешната собраниска седница на која се расправа за уставните измени, ЦИВИЛ Медиа ги праша пратениците кои се нивните очекувања од денешниот ден и седницата.

Дел од нив беа расположени за изјава, а дел само ги одминаа новинарите без коментар.

Започна протестот на Здружението на граѓани „Преродба“ пред Собранието на Република Македонија, за како што велат продолжување на македонскиот отпор.

Протестот и блокадите иако беа закажани за во 10 часот, тие започнаа со доцнење од еден час и присутни се околу триесеттина граѓани.

Покрај барањата на здружението, кои ги искажуваа пред Собранието, тие беа придружени и од народна музика.

„Го слушав излагањето на премиерот и го сфатив како понуда за амнестија. Првин, дефинирано е како став амнестија нема за никого. Односно, ќе подадеме рака секому, но амнестија никому. Втора работа,  во зборовите на Премиерот јас слушнав повик за помирување. Нашето општество е длабоко поларизирано, односно длабоко поделено. И како такво многу е тешко да се изгради консензус за било кое прашање. Но, ова прашање е толку многу значајно што мора да изградиме консензус ако сакаме иднина за нашата земја. Ако општеството ни е поларизирано, Собранието е уште повеќе поларизирано“, рече Павле Богоевски, на прашање на ЦИВИЛ Медиа во однос на изјавата на премиерот Заев за пораката за помирување и простување.

Договорот од Преспа е важен и поволен договор за Грција и регионот и ќе добие мнозинство од пратениците во грчкиот Парламент, рече грчкиот министер за поморство, Фотис Кувелис во интервјуто за првата програма на грчкото државно радио.

– Мојата проценка е, но би рекол и убеденост е дека Договорот од Преспа, еден особено важен и поволен договор за Грција и за поширокиот регион, ќе помине. Мојата проценка е дека бројот на пратеници во грчкиот парламент кои ќе гласаат за Договорот од Преспа, секако ако се завршат, како што е предвидено во самиот договор, процесите во ПЈРМ, мнозинството ќе се обезбеди и од пратеници кои не припаѓаат на СИРИЗА, рече Кувелис.

Ангела Петровска 

Tags: ВМРО-ДПМНЕИлија ДимовскиПавле БогоевскипратенициСДСМседницаСобрани на Република Македонијауставни измени
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ