• Latest

Собранието донесе повеќе законски решенија

April 4, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието донесе повеќе законски решенија

April 4, 2018 17:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Македонија во рамките на денешното продолжение на 40-тата седница донесе повеќе законски решенија во прво и второ читање и изгласа 64 од вкупно 65-те точки на дневниот ред од кои за 62 расправата заврши вчера.

Претходно ги разгледа предлог-законите за високо образование, за финасиска поддршка на инвестиции и за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат, трите во прво читање, и заклучи дека се прифатливи и оти може да се дадат на натамошно читање.

Квалитет на образованието и автономија на универзитетите се две главни цели на Предлог-законот за високото образование, како и усогласување со Директивите на европската унија кои се однесуваат на регулирани професии за да има препознатливост на македонските дипломи во регулираните професии во ЕУ, порача министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Таа нагласи дека се работи за целосно нов текст на закон, поради нефункционалноста и неприменливоста  на актуелниот од 2008 година, кој поради слабости и недоречености досега имаше 21 измена и дополнувања. Рече дека честото менување на критериумите создало правна несигурност на високообразовните институции.

„Новини што ги донесува Предлог-законот се формирање Агенција  за  квалитет на високо образование која ќе ги опфати како два раздвоени органа Одбор за акредитација и Одбор за евалуација. Целта на раздвојувањето во овие две институции беше желбата да воспоставиме систем на евалуација кој реално, објективно ќе ги евалуира постигнувањата на високите образовни институции“, рече Дескоска.

Досега, како што кажа, во еден Одбор за акредитација и евалуација беше нагласена единствено функцијата на акредитација, а евалуацијата беше занемарена. – Сакаме да обезбедиме реален орган кој објективно и непристрасно ќе врши евалуација на акредитираните програми, рече Дескоска.

Во новиот закон, додаде, се предвидува деконцентрација на моќта на министерот и на управувачите во рамките на универзитетот.

„Се предвидува формирање на Национален совет за високо образование, наука и истражување кој  ќе преземе голем дел од надлежностите на Министерството за образование и наука. Целта е универзитетите и професорите да го имаат главниот збор во креирање на политиките во високото образование“, потенцира Дескоска.

Петар Атанасов од СДСМ истакна дека со Предлог-законот за високо образование се создаваат услови за решавање на двете клучни прашања за образованието – квалитетот и финансирањето.

„Новиот закон овозможува целосна автономија на универзитетите“, рече Атанасов.

Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека во Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестиции има посебна одредба за вклучување на дијаспората во инвестирањето во земјава  за што, нагласи, ќе добијат дополнителни 10 проценти поддршка. Појасни дека законот поеднакво ќе важи и за домашните и за странските компании и истакна дека преку Фондот за иновации  и технолошки развој ќе се поддржат малите и средните компании.

Без расправа беше поддржан и Предлог-законот за за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат.

На собраниската седница не беше присутна опозицијата.


извор: МИА

Tags: закониседницаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ