• Latest

Собранието го одзеде имунитетот на шестте пратеници

December 1, 2017

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието го одзеде имунитетот на шестте пратеници

December 1, 2017 13:25
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со 67 гласа „за“ Собранието на Република Македонија денеска на 25. седница го одобри барањето на Кривичниот суд за притвор на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.Со тоа заврши постапката предвидена со Деловникот на Собранието и Уставот за симнување на пратеничкиот имунитет на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ поради насилните настани од 27 април во Парламентот.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше на седницата. Според нив, седницата е „политичка фараса, чија единствена цел е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно“.

Пратеникот од СДСМ Томислав Тунтев во своето обраќање рече дека денеска како пратеници во Собранието на РМ се наоѓаат пред изборот на две опоции дали ќе дозволиме правдата и правните процеси да се вратат на вистинскиот пат или и понатаму во државата ќе се спроведува селективна правда и ќе има приливегирани.

„На 27 април животите и здравјето наше, на нашпите колеги пратеници, на службите во Собранието, новинарите и медиумските работници беа загрозени. Она што се случуваше тој ден е спротивно на сите човечки, морални, етички, но што е најважно и законски правила, прописи и норми. Тоа го виде и се согласи целата домашна и меѓународна јавност. Тој ден кој влезе во срамната историја на нашата држава, мора да биде расчистен за да можеме оваа темна дамка да ја избришеме. Тоа му го должиме и на владеењето на правото во оваа држава, но и на граѓаните“, рече Тунтев.

Тој додаде дека одлуката воопшто не било лесно да се донесе, но се потпреле на досегашната практика на Собранието.

Од осамостојувањето на државата досега македонското Собранието никогаш не дозволило попречување на судски одлуки и не смее да го дозволи нуту сега. Судот во некоку наврати досега барал од Собранието да донесе одлука за симнување на имунитет на пратеници а Собранието секогаш имало намера да го остави судот да одлучува за пратениците како и за секој друг обичен граѓанин. Од тука верувам дека за сите нас изборот не е едноставен, но е јасен со оглед на заедничката оптределба на сите за правна држаба, владеење на правото и еднаквост пред законите. Наша должност и одговорност е ова Собрание цврсто да застане на
страната на правдата и еднаквоста. Токму Собранието мора и треба да биде пример за враќање на правната државата“, рече Тунтев.

Тој при тоа изрази убедување дека и пратениците на кои се однесува оваа одлука, ја разбираат и ја поддржуваат потребата како законодавен дом да обезбедиме услови правдата да го пронајде својот пат.

„Ако се убедени во својата невиност, ако веруваат во своите постапки тогаш, оваа одлука е од
нивен интерес. Враќањето на правната држава е најважната работа за оваа држава и Собранието треба да биде пример за тоа. Институциите имаат должност да го расветлат случајот за никогаш да не се повтори. Законот мора да важи еднакво за сите, правда мора да има за сите и сите граѓанио да бидат еднакви. Од овие премиси како пратеници не смеем никогаш да отстапиме“, рече Тунтев.

Пратеникот Артан Груби од ДУИ пренесувајќи го ставот на партијата истакна дека 27 април беше тежок ден за демократијата во нашатра држава, нејзиниот имиџ. Тие сцени, за кои сите сносиме одговорност посочи, никогаш не треба да се повторат.

„Денешната седница нека не зајакне уште повеќе во нашиопт правичен пат во реформи во судството, за судство необременето, кредибилно и некорумпирано. Но, не само за тоа, туку и за јазична рамноправност и заокружување на Охридскиот догово, здрави меѓуетнички и добрососедски односи и затворање на отворените прашања со соседите за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ. Затоа што токму таму ни е местото,Од секое стардање треба да извлелчеме поука и затоа ова не ка биде пика за нас и да извклелчеме сила за една вистинска демократија. Се вели од секое страдање има поука, затоа ова нека биде поука за сите нас, за граѓаните, институцвиите, за општетството и нека се претвори во сила за да одиме напред за
една вистинскам демопкратија и евроатлантска Македонија“, рече Груби.

На предлог на пратеникот и претседател на Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања Павле Богоевски, расправата по двете точки од дневниот ред – барањето на судот за одредување притвор на шестмината пратеници поднесено од Кривичниот суд и одземањето на нивниот имунитет беа споени во една.

Иако, Собранието им го симнa имунитетот на пратениците, тие, според македонската легислатива и Уставот, ќе останат на пратеничката функција се додека евентуалната пресуда на Кривичниот суд не стане правосилна и ако пратеникот е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: 27 априлимунитетпратенициСобрание
Share62TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ