На петтата пленарна седница на Собранието која ќе се одржи денес, треба да се именуваат замениците министри, предложени од премиерот Зоран Заев.
На списокот кој во еден часот по полноќ, Заев го доставил до претседателот на Собранието, Талат Џафери, предложени се следните заменици министри: Кире Наумов за економија, Оливер Ристовски за правда, Јани Макрадули за животна средина, Владимир Лазовски за култура, Власте Димковиќ во земјоделство, Александар Бајдевски за информатичко општество и админситрација, Гоце Чакаровски во здравство, Дејан Павлески за локална самоуправа, Агим Нухиу за МВР, Беким Максути за одбрана, Арта Точи за МНР, Ширете Елези за финансии, Висар Гани за образование, Елми Азири за труд и социјална политика и Ремзи Мехмеди во транспорт и врски.
На пленарната седница има 21 точка на дневниот ред, а изборот на заменици е последната.