• Latest
Фото: ТВ21, стоп кадар од преносот во живо на пристигнувањето на цивилите од Авганистан, 30.08.2021

Солидарноста и хуманоста надвладеа над омразата кон бегалците

August 31, 2021

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Солидарноста и хуманоста надвладеа над омразата кон бегалците

August 31, 2021 14:37
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: ТВ21, стоп кадар од преносот во живо на пристигнувањето на цивилите од Авганистан, 30.08.2021

Фото: ТВ21, стоп кадар од преносот во живо на пристигнувањето на цивилите од Авганистан, 30.08.2021

Share on FacebookShare on Twitter

Вчера вечер, некаде после 23 часот, на Меѓународниот аеродром Скопје, со лет преку Тбилиси, Грузија, пристигнаа првите 149 граѓанки и граѓани од Авганистан што ќе бидат прифатени во нашата земја. По пристигнувањето на авионот со авганистанските бегалци, од кои повеќето жени и деца, прва излезе бремена жена во 39-тата недела од бременоста, која со возило на Итна медицинска помош беше однесена на Клиниката за гинекологија во Скопје. Меѓу патниците биле уште четири бремени жени, изјави Милица Бубало, раководителка на Итната медицинска помош , а уште едно лице, најверојатно поради колапс, беше преземено од екипите на Итната медицинска помош.

Семејство од Авганистан пристигна на скопскиот аеродром, Фото: ТВ21, стоп кадар од преносот во живо на пристигнувањето на цивилите од Авганистан, 30.08.2021

Најважно е сите ние, Владата, меѓутоа и граѓаните да ја покажеме солидарноста за овие граѓани коишто денеска со насолзени очи се симнаа на овој аеродром од солзи и од среќа затоа што најдоа место каде што ќе бидат безбедни најмалку во наредните 90 дена до кога имаат престојувалиште овде во Република Северна Македонија.  Ние сме дале согласност засега за 750 граѓани, жени и деца со име и презиме коишто беа претходно најавени и проверени дека се дел од меѓународните организации со кои сме соработувале, рече Османи.

Министерот Османи ги пречекува авганистанските бегалци на скопскиот аеродром, Фото: стоп кадар од преносот во живо на ФБ страницата на министерот Османи

На граѓаните од Авганистан, кои во земјава ќе имаат статус на лица со привремен престој, ќе им биде  издадена виза за привремен престој до 90 дена, а потоа ќе  треба да заминат во САД  или на друга безбедна дестинација. Тие ќе бидат сместени во хотели и мотели, а трошоците за нивниот престој ќе ги покријат САД и меѓународните организации.

Жени и деца меѓу авганистанските бегалци во Скопје, стоп-кадар од преносот во живо на ФБ страницата на министерот Османи

На сите што слетаа синоќа од Авганистан во земјава, ќе им бидат направени лекарски прегледи и ПЦР тестови, а доколку има некој позитивен на коронавирус ќе биде ставен во двонеделен карантин. Невакцинираните кои ќе сакаат да се вакцинираат, може да добијат и вакцина.

Виктор Димовски, директор на  Агенцијата за национална безбедност посочува дека Агенцијата ги презема сите неопходните оперативни активности и мерки за организирано и безбедно прифаќање на цивилното население од Авганистан, како и за навремено превенирање и спречување од можни закани и ризици. Според него, пласирањето на лажни вести и дезинформации има за цел да се внесе страв и паника кај граѓаните , разгорување на национализам и дестабилизација, но сепак, вели тој, ваквите активности и повици не наидуваат на очекуваниот одзив што зборува за зрелоста на нашите граѓани и нивната демонстрирана емпатија и подготвеност за солидарност.

Вчерашното пристигнување на првите евакуирани граѓани од Авганистан во земјава, се пренесуваше и во живо преку стриминг на неколку македонски портали, на чии страници, во коментарите, во кој за среќа преовладуваа оние со позитивна конотација имаше и онакви кои со крајно дегутантен и нехуман вокабулар, преку навреди, закани, дисквалификации, лажни вести, манипулации и говор на омраза, се трудеа од петни жили овој хуман настан да го прикажат во крајно негативно светло. Ваквата негативна нарација, за жал, ја преземаа и раширија и неколку портали на нивните страници и профили на социјалните мрежи.

Сепак, овие обиди не наидоа на плодна почва кај повеќето наши граѓани, кои го препознаа и го осудија ваквиот говор на омраза, и пружија поддршка и се солидаризираа со несреќата која му се случува на цивилното население од Авганистан, кое под смртна закана од Талибанците е приморано да ја напушти својата земја.

Со свое соопштение во раните утрински часови излезе ЦИВИЛ – Центар за слобода во кое изразува целосна солидарност, сочувство и добредојде на граѓанките и граѓаните од Авганистан, вработени во граѓанскиот сектор, сојузничките мисии, медиумски и други организации и нивните семејства, кои пристигнаа во нашата земја.

Мишев Драган

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ