• Latest

Сонувам за толеранција

November 19, 2018

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Сонувам за толеранција

November 19, 2018 14:15
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Јас знам дека овој миг е поголем од мене. Ова ми е шанса во која можам да бирам. Да говорам со омраза, стигма, предрасуди или да говорам со љубов, толеранција и разбирање. И изборот е мој… исто како и ваш, твој.

Мери Цветковска

Наследивме „туѓи времиња“ и стари вредности. Не велам дали се лоши или добри, едноставно ги наследивме. Она што мене ме загрижува е што изградивме и сè уште градиме ѕидови наместо мостови, шириме омраза кон различните, оние кои треба да се различни, по природа, по убедување, по раса или вера.

Да се биде различен не е зараза, ниту болест, тоа е различност која не ја исклучува, туку, напротив, ја вклучува слободата на љубов, разбирање, подеднаква шанса за сите. Не можам да прифатам дека од ден на ден, додека упорно бараме уривање на сите граници, отворена Европа, отворен свет, ние градиме граници меѓу луѓето. Меѓу нашите врсници, меѓу старите и младите. И за тоа не бираме место, начин и зборови. Брутални сме. На улица, во друштво, на социјални мрежи. Многу сме силни кога стоиме стоплени и безбедни зад семоќните тастатури. Тогаш хејтаме, шириме говор на омраза, осудуваме, ги имаме во ракав сите мудрости од „семе синапово“ и мислење за секој и сешто, а невидливи сме кога треба да организираме една хуманитарна акција за гладните или обесправените. За чистиот воздух, ако не друго, оној истиот кој го дишеме сите: и педерите и лезбејките, и оние бележаните, и сиромашните и богатите, но за жал и најнемоќните. Го затрувме воздухот , но ја затрувме и душата. Почнавме да мразиме сè живо и диво, само себеси да се истакнеме. Алчноста и омразата од ден на ден, од компјутерите ја симнавме и на улица, во училиштата, на работа. Секојдневно сме сведоци на сè поголемата исполнетост на црните хроники.

Многу често ги ставате во уста младите, тие ви биле надежта и иднината. Врска немате вие, еве најискрено да ви кажам. Зашто само годинава, преку врснички едукации, опфативме околу 500 млади од речиси сите градови, националности, социјални класи. Едно нешто ги врзува сите нив, а тоа е едно тотално разочарување и недоверба во државата и институциите. Незаштитени се и сами. Булирани се, тепани се и омаловажувани. Кој поради сексуалната ориентација, кој поради сиромаштијата, кој поради бојата на кожата. Деградирани се како од врсниците, така и од домашните, така и од наставниците и школските стручни служби. Тие веќе по второто видување со нас едукаторите, чувствуваат многу повеќе доверба отколку со класните раководители, психолозите и педагозите кои ги знаат по 8 години и по правило би требало да им го следат и знаат целиот развој. Но не, напротив. Не им е гајле за нивните маки, не ги уважуваат и ги осудуваат.

Секојдневно сум со млади кои очајнички ни бараат помош, бараат внимание, бараат поддршка. Ми доаѓаат со заруменети образи и очи полни солзи, засрамени до коска, како тие да згрешиле нешто. Само не ми е јасно како на крајот тие, како на крајот ние завршуваме секогаш засрамени? Како упорно ние ги јадеме вашите срамови и вашите бедови? Продуцирате генерации на кои упорно сакате да им го всадите чувството на вина која не постои. За вие да се чувствувате малку подобро со себе. За бедата да е заедничка, а срамот наш. Е па доста е! Дојде времето да се отсрамиме. Сега вие сте на ред да одите со наведнати глави, сè додека не пркнете и излезете од глупавите хетеронормативи и комплекси.

По кој пат, всушност, одиме? По патот на толеранцијата, човековите права, љубовта и разбирањето или по патот на игнорирањето, стигматизирањето и омразата. Лесно е да бидеш хејтер, да те видам биди човек кој знае да поттикнува, простува и прифаќа. Јас работам на тоа и знам уште најмалку илјада млади мои врсници кои работат секој ден сè повеќе и повеќе на тоа да го направат светот еднаков и достапен за сите. Правичен за сите и кон сите. Тоа е реалност без алтернатива, а не само политичка или популистичка декларација за некој поен за себе. Тоа е сон од кој не се откажуваме. Нашиот сон е шарен, со сите бои од виножитото, тој е сон е за еднаквост, толеранција и љубов безусловна. За друг и не знаеме.

 

(Авторката е од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување)


фотографија во прилог на текстот: Марш на толеранцијата, Скопје, 18 ноември 2018, од Сашо Алушевски

Tags: вредностиразбирањетолеранција
Share109TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ