Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денеска информираше дека советник од неговиот кабинет е позитивен на КОВИД-19.
Чулев соопшти дека советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното време.
„Последен пат бил на работа на 02.06, а тестот го направил на 06.06, кога е потврдено дека е позитивен. Последната моја средба беше на 24.05.2020. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација. Ве информирам дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени во министерството“, соошти Чулев.