Советот за безбедност на ОН ги повика ривалските лидери да преговараат едни со други и да ја прекинат политичката криза во Либија.
Советот, исто така, го осуди насилството во Либија и наведе дека кризата не може да се реши со воени средства.
Соопштението доаѓа по извештајот на специјалниот пратеник на ОН за Либија Гасан Саламе, кој смета дека има повод за оптимизам за политичкиот процес во Либија, но има и причини за загриженост.
Саламе како проблем во Либија ги посочи континуираното насилство локалните конфликти и присуството на екстремисти, вклучувајќи ја Исламска држава и Ал Каеда.
извор: МИА