• Latest

„Спас за Валандово“: Да се спречи изградбата на рудникот Казандол!

April 10, 2017
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Спас за Валандово“: Да се спречи изградбата на рудникот Казандол!

April 10, 2017 15:05
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата „Спас за Валандово“ која се формираше со цел – подигнување на јавната свест за негативните ефекти од изградба на рудник за изработка на катоден бакар на само еден километар воздушна линија од општина Валандово, како дел од своите активности врз база на анализа и истражување, објави и нови информации за влијанието на рудникот врз градот.

Како што велат од иницијативата, тоа што се знае од промоцијата на овој проект е дека се очекува да се отворат стотина работни места, но тоа што никој не го кажува се – катастрофалните последици.

„Процесот на ископување на рудата се одвива со минирање на окното, при тоа ќе се користи експлозив, а дневно се очекуваат безброј детонации, кои ќе предизвикуваат потреси, и во така активно сеизмичко подрачје. Самите детонации ќе оневозможат следење на настава во најблиското подрачно училиште во с. Казандол кое е на само 200 метри оддалеченост, а истиот проблем ќе го има и СОУ ‘Гоце Делчев’ Валандово кое е на само еден километар воздушна линија оддалечено од детонациите во рудникот“, велат од „Спас за Валандово“.

„Процесот има исклучително негативно влијание врз животната средина, експлозиите во воздухот ќе разнесуваат прашина и сулфурна киселина која сите ние треба секојдневно да ја дишеме, тоа предизвикува сериозни респираторни заболувања, затоа ќе треба најмалку два пати годишно да правиме преглед на нашите бели дробови и крвта, бремените жени и хронично болните многу почесто. Процесот на обработка или перење на рудата ќе се одвива во специјални езера, а главен протагонист во процесот е сулфурната киселина! Сулфурната киселина е високо корозивна материја која помага во раздвојување на металите кои се многу штетни по здравјето на луѓето, животинскиот и растителниот свет. Овие метали се посебно проблематични затоа што не се разложуваат во животна средина. Тие остануваат на дното долг временски период, тоа значи векови и векови“, објаснуваат од иницијативата.

„Високите температури во лето, карактеристични за нашиот регион, ќе доведат до значително испарување на сулфурната кислелина во воздухот а со тоа ќе имаме врнежи од кисели дождови со ph вредност помала од 4, додека ph вредностa на природните дождови е 5,6. Ова значи дека со овие кисели дождови ќе се загрозат флората и фауната во околината“, пишува во соопштението на „Спас за Валандово“. Од иницијативата се загрижени дека граѓан(к)ите во Валандово ќе можат засекогаш да заборават на еколошки чисто овошје и зеленчук.

„Езерата полни со вода и концентрирана сулфурна киселина ќе се полнат од веќе направените бушотини на четири артерски бунари за вода. Водата користена во огромни количини за овој процес е прва класа, односно вода за пиење, со користење на таа вода сите индивидуални земјоделци во Валандовско поле, ризикуваат да ја изгубат водата на своите ниви кои ја користат за наводнување на веќе постоечките бушотини, и единствено зависни ќе бидат од системот за наводнување на Водна заедница Валандово која користи загадена вода од реката Вардар“, велат од иницијативата и апелираат за што поголема поддршка, со цел да се запре изградбата на овој рудник.

Tags: „Спас за Валандово“бакариницијативарудниксулфурна киселина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ