Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ пред полноќ, во ноќта меѓу неделата и понеделникот, одржа прес-конференција на отворено, што ЦИВИЛ Медиа директно ја пренесуваше на својата Фејсбук страница, на која ги изнесе своите ставови за причините за недоволната излезност и неуспешноста на референдумот против „рудниците на смртта“, односно за недостатокот од околу 450 гласови на нивните сограѓани од општината.
Според првичните и неофицијални резултатати, референдумот во Валандово не успеа, затоа што на 24-те гласачките места излегле само 4.680 граѓани или 46,11 проценти од 10.141 граѓанин кои имаа право на глас, со пшто не беше исполнет законскиот минимум од 50 проценти плус еден.
На претходните референдуми, жителите на Гевгелија, Богданци и Дојран се изјаснија против продолжување на работата на „Казандол“ и за отворање нови рудници.
Според иницијативата „Спас за Валандово“, притисоците врз и онака недоволно информираните граѓани, од локалната власт и од странскиот инвеститор на рудникот биле толкави, што едноставно, не било можно демократско изјаснување на жителите на општината.
Камера: Дехран Муратов
[divide]
ЦИВИЛ ги објавува информациите од теренот на медиумската платформа на ЦИВИЛ Медиа, во рамките на проектот Слободни медиуми за слободно општество, финансиран од Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија