“Ги чекаме насоките и препораките на епидемиолозите. Штом ги добиеме, ќе постапиме веднаш и во целост согласно протоколите, со избегнување и најмал ризик. Штом ги добиеме препораките од епидемиолозите, веднаш ќе ја известиме јавноста“, велат од Кабинетот на техничкиот премиер Спасовски.
Дека Спасовски направил тестирање, на прес-конференција објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој кажа и дека шест членови на органите на партијата се веќе во самоизолација, а двајца се позитивни на коронавирусот.
„ Потпретседателот Мухамед Зекири и неговото семејство се позитивни на коронавирусот. Позитивна е и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е дел од извршниот одбор на партијата. Согласно протоколите и здравствената превенција, во самоизолација се лицата кои имале контакт со нив, како што е потпретседателот Манчевски Дамјан, Мила Царовска, Марјан Забрчанец, Славјанка Петровска, кои ќе се тестираат овие денови. Премиерот Оливер Спасовски, утрово правел тестирање, како и да одлучат здравствените власти, тие ќе бидат почитувани. Резултат ќе биде јавно објавен“, рече Заев.