• Latest

Спасовски: Македонија не е крајна дестинација на мигрантите, но го надогради Законот за азил

June 21, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски: Македонија не е крајна дестинација на мигрантите, но го надогради Законот за азил

June 21, 2018 11:52
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Република Македонија не може да се класифицира како земја крајна дестинација во мигрантските движења, туку е само коридор за лицата бегалци, но тоа никако не ја исклучува обврската и потребата од донесување на опфатна, квалитетна и издржана законска регулатива во поглед на меѓународната и правна заштита, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  на втората сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „АЗИЛ – меѓународна и привремена заштита“.

– Токму поради тоа од почетокот на минатата деценија, поточно од 2003 година наваму проблематиката на азилот имаше свој институционален и нормативен третман, при што тргнувајќи од нашите евроинтеграциски заложби од императивно значење беше воспоставувањето регулатива која ќе почива врз сите важечки меѓународни правни стандарди и ќе биде во целост хармонизирана со правните практики на Европската унија, истакна Спасовски.

Потсети дека пред два месеца стапи во сила новиот Закон за меѓународна и привремена заштата, како своевидна надградба на претходниот Закон за азил и привремена заштита. Појасни дека со овој нов надополнет законски акт се прави значително допрецизирање на одредбите што ги дефинираат статусот, процедурите, постапките во процесот на меѓународна и привремена заштита на лицата бегалци, но и на новините особено околу условите и механизмите за ограничување на правото за слобода на движење на лицата баратели на азил, притоа целосно следејќи ги директивите на Европската унија од оваа област.

Според министерот Спасовски, станува збор за квалитетна правна рамка, фундирана врз почитување на постоечката домашна регулатива но и врз нашите обврски произлезени од декларираната заложба за целосно интегрирање во ЕУ. Таа, правна рамка, рече тој, треба, во периодот што е пред нас, да резултира со донесување низа подзаконски и други акти кои ќе треба да обезбедат институционална оперативност и функционалност на законот, негово системско имплементирање, повеќеинституционално делување, но и зголемување на степенот на регионална и меѓународна соработка.

Во однос на темите Македонија во надворешниот контекст на бегалската криза и азилот како меѓународна и привремена заштита, свои излагања имаа професорите Блерим Река и Трпе Стојановски, а на конференцијата беа изнесени и предлог препораките како што е потребата од воведување ефикасен начин на евиденција и регистрација на мигрантите и преземање на мерки за похумано прифаќање и постапување со ранливите групи во прифатните центри. (MIA)

Tags: дестинацијазаконМакедонијамигрантиСпасовски
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ