• Latest

Спасовски: Најдобрата одбрана од лажните вести е навременото пласирање на точни информации

October 13, 2022
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Спасовски: Најдобрата одбрана од лажните вести е навременото пласирање на точни информации

October 13, 2022 10:15
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во денешното интервју за Утринската програма на Националната телевизија, министерот Оливер Спасовски се осврна на лажните вести со кои во последните неколку години јавноста во државата речиси секојдневно се соочува, при што во фокусот не се само политичарите, туку било која јавна личност, информираат од МВР.

„Демократијата подразбира и можност да се пласираат мноштво информации, но добро би било тие информации да бидат проверени, вистинити, точни за јавноста да биде вистински информирана. Користењето на социјални медиуми и мноштво онлајн платформи, генерално им создадоа простор на многу луѓе да изнесуваат ставови, што и не е така лошо… Меѓутоа, сметам дека постои голема злоупотреба во тој медиумски простор, од една страна, а од друга –  она што мене најмногу ми пречи – е што некои се изедначуваат со новинарите, иако немаат допирни точки со таа професија“, истакна министерот Спасовски.

Според него, најдобрата одбрана од лажните вести е навременото пласирање на точните информации, како начин навремено да се одговори на сите прашања кои постојат на одредена тема. Сепак, голем дел од лажните вести кои се пласираат во јавноста, според министерот за внатрешни работи, се резултат на хибридна војна што се води не само на територијата на Северна Македонија, туку генерално, на Балканот, особено по отпочнување на војната во Украина, односно инвазијата на Русија, и тоа не само од лица кои од нивни лични причини тоа го прават, туку многу лажни вести се пласираат со цел да се влијае врз граѓаните, да се насочува нивното мислење.

„Затоа важно е постојано да бидеме во комуникација со граѓаните, постојано да ги пласираме точните информации, а јас сум преблагодарен на сите медиуми, сите медиумски работници кои што ги бараат одговорите таму каде што можат вистински да ги најдат и ги пласираат во јавноста. Зашто само така заедно ќе си помогнеме. Можеби во даден момент, на краток рок не сфаќаме колку е штетно да се пласираат лажни вести, генерално, за функционирање на државата, на системот, но добро е секој од нас да придонесе барем малку во таа борба со лажните вести, за да можеме да воспоставиме одбранбен механизам кој сите нас ќе нѐ штити“, порача министерот Спасовски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ