• Latest
Оливер Спасовски / фото: Б. Јордановска

Спасовски: Останува Уставното загарантирано право за неповредливост на домот, полицијата ќе постапува само по пријави

October 9, 2020

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски: Останува Уставното загарантирано право за неповредливост на домот, полицијата ќе постапува само по пријави

October 9, 2020 09:22
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Оливер Спасовски / фото: Б. Јордановска

Оливер Спасовски / фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски минатата вечер во вестите на телевизијата „Сител“, истакна дека уставното загарантирано право за неповредливост на домот останува и оти од тој аспект полицијата не може да делува. Единствено може да делува по пријава од соседите, рече министерот, коментирајќи ги предлозите на Комисијата за заразни болести да се забранат големи семејни собири и прослави во домовите и групирање по 22 часот, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Изјавата доаѓа по предлог мерките од Комисијата за заразни болести меѓу кои е и мерката 4 лица ( надвор од семејството)/ гости во една куќа, заради сголемениот број со заболени со Ковид-19.

– Од Комисијата за заразни болести се нудат одредени предлози да имаме некаква рестрикција, која ќе помогне во спречување на ширењето на коронавирусот. Јас очекувам тие предлози да стигнат на седница на Влада за кои ќе разговараме. Ваквиот предлог веројатно е базиран на податоците за случаите кои се позитивни токму од таквите групирања во домашни услови на семејни веселби. Секако дека уставно загарантираното право за неповредливост на домот останува и тука не може да делува полицијата. Меѓутоа, многу е поважно да разбереме, дека групирањето, прославите во домашни услови, претставува најголем ризик. Токму поради тоа, треба да се преземаат некакви мерки, рече министерот Спасовски.

Тој појасни дека доколку постои некаква пријава, полицијата ќе треба да се делува, меѓутоа со запазување на уставните начела кои ја гарантираат неповредливоста на домот.

– Таквите активности ќе мора да ги спроведуваме во соработка со јавното обвинителство, заеднички, се со цел да оневозможиме или да ја намалиме можноста за ширење на коронавирусот, истакна Спасовски.

Тој, како што рече, лично е повеќе за превентивни мерки, а не за строги рестрикции.

– Мораме да признаеме дека во овој момент постои едно опуштање. Како сите да подзаборавивме што може да донесе ширењето на болеста во поголем обем. Поминавме низ тие рестриктивни мерки, знам дека тоа е сериозен проблем за граѓаните. Меѓутоа, мораме да разбереме и да бидеме свесни дека ширењето на болеста придонесе да имаме сериозни рестрикции. Ако не сакаме да се вратат тие мерки, ќе мораме сите заедно да се посветиме максимално на повисоко ниво на свесност да си помогнеме заеднички и да се намали обемот на ширењето на Ковид-19, вели Спасовски.

Во врска со задолжителното носење на маска на отворен простор, Спасовски смета дека од оваа мерка треба да бидат изземени само за оние кои професионално се занимаваат со спорт и имаат секој ден тренинзи.

– Податоците, кај нас и во светот, покажуваат дека заштитата со маска е поголема. Со неносењето маска го загрозуваме личното здравје и здравјето на другите, потенцира Спасовски, кој информира дека периодов е зголемен бројот на прекршоците за неносење маска.

Спасовски изјави дека полицијата е подготвена да одговори на секој предизвик, што се покажува и во изминатиот период.

– Без разлика какви одлуки ќе бидат донесени, полицијата е максимално подготвена да ги спроведе тие одлуки, дали ќе биде тоа полициски час, дали ќе биде поголема контрола примена на другите мерки за спречување на ширењето на Ковид, ние ќе бидеме подготвени без калкулации. Тоа е многу важно во вакви состојби, рече Спасовски.

Д. Т.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ