Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Секторот за внатрешни работи – Куманово.
Посетата, како што информираа од МВР, е дел од планираните посети по секторите за внатрешни работи и регионалните центри низ државата со цел согледување на сработеното.
„Денеска со дел од раководството на МВР, одржав работна средба со раководствата на СВР Куманово и Регионалниот центар Север со цел согледување на сработеното како и лично запознавање со реализираните активности во 2022 година и со постигнатите резултати. На средбата бев информиран за безбедносната состојба на подрачјата на СВР Куманово и Регионалниот центар Север, состојбите со криминалитетот, како и активностите кои се преземаат, во насока на намалување на стапката на криминалитет, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција, со единствена цел – подигнување на безбедноста и заштита на граѓаните“, напиша министеро на својата официјална страница на Фејсбук.