Граѓаните ширум земјата покренаа петиција за итно справување со катастрофалната ситуација со воздухот во целата земја. Денеска Скопје е на врвот на листата на најзагадени градови во цел свет.
Иницијаторите на петицијата велат: „Во услови на хуманитарна и еколошка вонредна состојба, бараме лично од Премиерот на Владата на РМ, г-динот Зоран Заев, како и од општинските власти, итно и неодложно да ги имплементираат следниве мерки: секојдневно миење на улиците со цистерни со обична вода; времен прекин на сите градежни работи во зимскиот период; времен преки на работа на сите погони и индустриски капацитети со А и Б интегрирана возила; исклучување од сообраќај на тешки возила и стари автобуси; бесплатен јавен превоз; редовни и ригорозни инспекции за палење на несоодветен материјал; предвремен зимски распуст на сите ученици и посебен режим на сообраќај преку забрана на движење на патнички возила во поширокото централно градско подрачје“.
„За овие мерки не се потребни посебни средства од буџетот на РМ туку само административни одлуки и добра политичка волја“, стои во петицијата.
М.И.