Изет Меџити, градоначалникот на Чаир, рече дека ќе даде согласност за одржување на регионален собир за поддршка на поранешните лидери на ОВК, на кои им се суди во Хаг, кој треба да се одржи на шлоштадот „Скендербег“ во сабота, на 13 декември, но не кажа дали ќе и тој ќе присуствува.
Иницијативата е поддржана од организации произлезени од конфликтот во Косово, кои сметаат дека хашкиот процес е политички мотивиран и дека има за цел ревизија на историјата на косовскиот конфликт. На протестот ќе се побара ослободување на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) – Хашим Тачи, Кадри Весели и други притворени од Специјализираните совети во Хаг.
Поддршкта на Меџити доаѓа наспроти изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека е погрешен потегот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кога најави протест за 13 декември во Скопјe за поддршка на поранешните лидери на ОВК, на кои им се суди во Хаг.
„Јас не ја поддржувам таа идеја и не се согласувам со тој протест. Убеден сум дека ниту коалицијата ‘Вреди’ нема да го поддржи“, рече Мицкоски.
За разлока од премиерот, коалициониот пртнер во Владата, Меџити изјава за VOX Kosova, нагласи дека протестот е демократско право и дека „ОВК е национална гордост“.
„Во принцип, да (го поддржувам). Протестот е демократско право. Ние го сметаме протестот за демократска вредност, а ОВК е наша национална гордост“, изјави Меџити.
Протестот доби поддршка од крилото на Алијансата Албанците предводено од Арбен Таравари, за, како што велат, одбрана на вредностите на косовската ослободителна војна и водачите на Ослободителната војска на Косово, кои продолжуваат да бидат неправедно притворени во Хаг.
„Во овој важен момент за националното достоинство, ги повикуваме сите Албанци, без оглед на политичките убедувања, масовно да се приклучат на протестот што ќе се одржи на 13 декември, на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe, Нашиот заеднички глас мора јасно да се чуе во одбрана на правдата и вистината за ослободителната војна, најчистата и најправедната војна што ја водеше албанскиот народ за слобода“, порачуваат од таборот на Таравари.
Организаторите велат дека се чека само формално одобрение од Град Скопје за одржување на протестот.
„Според законот, поднесовме две барања до Град Скопје. Добивме заклучок да ја платиме комуналната такса, што го направивме, и очекуваме дозволата да биде издадена без пречки, бидејќи тоа е уставно право,“ истакна Бујар Дардишта од Организацискиот совет.
М. Д.












