• Latest

Средбата Заев-Ципрас доминантна тема во сите грчки медиуми

May 18, 2018

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Средбата Заев-Ципрас доминантна тема во сите грчки медиуми

May 18, 2018 11:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Потпишување меѓународен договор, рок за промена на Уставот, со Европската унија како гарант, е сценариото за решение меѓу Скопје и Атина, кое се споменува во новинарските кругови во Грција, а го објавуваат и дел од медиумите кај јужниот сосед, меѓу кои и телевизиите „Антена“ и „Стар“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Доколку има успешен завршеток, следните чекори на планот за решение ќе бидат: потпишување Меѓународен договор со преоден период за промена на Уставот, а гаранти ќе се ОН и Европската унија, додека, пак, во однос на името, предлогот Горна Македонија е на масата, а одново влегува и името Нова Македонија, објави вчера грчката телевизија „Стар“, во синоќешното централно издание на вестите.

– Меѓу сценаријата што кружат е и тоа за потпишување и ратификација во двата парламенти на еден меѓународен договор, во кој не е исклучено Европската унија да влезе како гарант, за да се гарантира дека ќе се запази рокот, но и чекорите кои Скопје ќе биде обврзано да ги направи за да се вклучи ерга омнес, односно дека новото име ќе биде едно за севкупна употреба, објави телевизијата „Антена“.

Откако самиот грчки премиер откри дека со неговиот македонски колега останале будни цела ноќ, грчките телевизии објавија дека Заев и Ципрас разговарале од 12 часот на полноќ, до 3.30 наутро, во хотелот во кој престојувале и двајцата, веднаш по работната вечера на европските социјалисти, во средата вечерта.


Во прилозите во централните изданија на синоќешните вести, новинарите акцентот го ставија на позитивната и конструктивна средба, на Самитот на ЕУ како краен рок за договор и месец јуни како одлучувачки за решение, но и на договорот што евентуално би се потпишал во Преспа, а ги пренесуваат и изјавите на двајцата премиери.

– Слушнавме две различни варијанти и тоа ги изненади сите, коментираше новинарот од грчката државна телевизија „ЕРТ“ во однос на изјавата на македонскиот премиер, кој рече дека постои една прифатлива опција за решение и на грчкиот премиер, кој потенцираше дека има напредок, но е рано да се говори за договор.

– Два различни владини извори ни потенцираа две работи: Прво, ако има следна средба, тоа ќе биде средба за договор и ќе се одржи во Преспа и второ разговорите во Скопје се насочени кон тоа како Зоран Заев би можело да обезбеди мнозинство, објави грчката телевизија „Скај“ и објасни дека следниот чекор е министрите за надворешни работи на двете земји да ја подготват следната фаза за разговори. 

Вчерашната средба на македонскиот и грчкиот премиер во Софија е главна тема во Грција, а беше и прва тема во синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии, но се најде и на насловните страници на денешните изданија на весниците, јави дописничката на МИА од Атина.

„Катимерини:“ Поблиску договорот со ПЈРМ; „Та неа“: Дај- земи за името и долгот; „Етнос“: Поблиску до договор со Скопје; „Ефимерида тон синдактон: Проба за решение со име- изненадување; „Авги“: Решение на хоризонтот, се насловите на денешните насловни страници на весниците во Грција. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Грцијагрчки медиумиЕвропска УнијаЗоран ЗаевМакедонијаНАТОПреговори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ