• Latest

Средношколскиот пленум се оградува од иницијативи што предизвикуваат меѓуетнички конфликти!

March 2, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средношколскиот пленум се оградува од иницијативи што предизвикуваат меѓуетнички конфликти!

March 2, 2017 12:11
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на Средношколскиот пленум од Битола, во разговор за ЦИВИЛ Медиа, го критикуваат и се оградуваат од бојкотот на настава – за вклучување и поддршка на средношколците од Битола, на протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. 

Нивната реакција следува по текстот што го објави ЦИВИЛ Медиа, за вчерашните активности во средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, кога професор и демонстратор за одржување на компјутерите, вработени во училиштето од редовите на Унија на млади сили на ВМРО–ДПМНЕ, преку пораки во затворена ФБ-група, во која дел се и учениците од прва, втора и трета година кои се малолетни лица, ги повикуваат учениците да не одат на настава, и со тоа да ја изразат поддршката за барањата на „За заедничка Македонија“.

„Апсолутно се оградуваме од бојкотот во средното техничко училиште и остро ја критикуваме постапката. Средношколски пленум – Битола е составен од средношколци од различни етникуми и вери, и како такво здружение, пред две години се залагавме за решавање на заедничките проблеми што ги засегаат сите средношколци. И, дури и кога настанувале какви било конфликти и дилеми, тие биле од политичка природа, односно, дилеми поради различните политички гледишта. Од една страна, изненадени сме од оваа постапка на техничкото училиште, бидејќи голем дел од активистите беа токму ученици на техничкото училиште, кои сега слушаат трета и четврта година. Но, дури и тогаш, токму таму беше концентрирана една група средношколци од која постојано добивавме клевети и закани, група што постојано се обидуваше да не’ саботира во нашата борба, со кинење и чкртање на промотивните летоци и плакати кои служеа за ширење на идејата на Пленумот. Средношколски пленум – Битола не поддржува било какви иницијативи што предизвикуваат етнички конфликти“, се вели во одговорот на Средношколскиот пленум испратен до ЦИВИЛ Медиа.

Марија Теговска

Tags: малолетнициПротестСредношколски пленумсредношколци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ