• Latest

И средношколците на мета на мобилизаторите за протести!

March 1, 2017
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

И средношколците на мета на мобилизаторите за протести!

March 1, 2017 15:16
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако во студентските домови беа делени материјали за „доброволно“ учество на денешниот протест во Скопје, и средношколците низ Македонија, меѓу кои најголем дел се малолетни, станаа дел од фокусот на интерес на Унијата на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ, која е меѓу главните мобилизатори за приклучување на граѓаните на протестот на иницијативата „За заедничка Македонија“. 

Дел од учениците од средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола кои посетуваат настава во првата смена, утрово ја напуштиле наставата и излегле во школскиот двор, како знак на поддршка на „идејата против двојазичноста“.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со вработен во ова училиште, кој потврди дека имало прекин на наставата на дел од предавањата. Според просветниот работник кој сакаше да остане анонимен, тоа што најмногу загрижува е што еден професор и демонстраторот за одржување на компјутерите, вработени во училиштето од редовите на Унија на млади сили на ВМРО–ДПМНЕ, преку пораки во затворена ФБ група, во која дел се и учениците од прва, втора и трета година кои се малолетни, повикуваат учениците да не одат на настава и со тоа да ја изразат поддршката за барањата на „За заедничка Македонија“. И, потоа, да се приклучат на протестите, кои се најавени за денеска во Битола.

„Се загрижив кога моите ученици во прва година, кои имаат по 15 години, ми ги покажаа пораките напишани во затворената група, од вработени во нашето училиште“, вели анонимниот извор за ЦИВИЛ Медиа.

Директорот на училиштето денеска е во Скопје и не успеавме телефонски да стапиме во контакт со него, а деновиве во училиштето се присутни просветни инспектори.

Техничкото училиште во Битола, не е единствено каде помеѓу малолетници се промовираат ставовите на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Во средното општинско училиште „Коле Нехтени“ во Штип, за време на одморите, средношколци го читале повикот за поддршка на „За заедничка Македонија“.

Во средното училиште „Раде Јовчевски- Корчагин“ во Скопје, во текот на вчерашниот ден, неколку наставници ја прекинале наставата и ги ослободиле учениците од присуство на последните два часа, за да се приклучат на протестот.

„Младите и средношколците сакаат унитарна Македонија во која поединецот ќе биде приоритет, а не етничките права. Разочарани сме од возрасните кои за да се доберат до власт и функција тоа го прават. Затоа, време е ние гласно да го кренеме нашиот глас и да кажеме НЕ за разнебитувањето на државата!“, се вели во наводниот повик на средношколците што беше објавен на провладините Интернет портали.

ЦИВИЛ- Центар за слобода во соопштението кое го објави вчера, уште еднаш остро ги осуди сите обиди за манипулација со малолетниците.

„Ги повикуваме родителите да не дозволат нивните деца да се вплеткаат во спиралата на насилството од кое нема враќање и со кое нивните деца и тие самите, ќе мораат да се носат целиот свој живот“, се вели во соопштението.

 

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕзлоупотребаПротестсредношколциУМСЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ