Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и в.д. амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф, на денешната средба разговараа за евроинтеграциите, уставните измени и владиниот план за остварување на овие цели во текот на оваа година. Груби го информирал амбасадорот Граф дека Владата ги подготвила предлог-уставните измени и се започнати подготовките за нивна реализација, известуваат од неговиот кабинет.
-Сојузна Република Германија ја поддржуваше и продолжува да ја поддржува Република Северна Македонија на патот кон европската интеграција и реформите во земјата, истакнуваат од кабинетот на првиот вицепремиер.
Соговорниците разговараа и за реформите во областа на владеењето на правото, вклучително и спроведувањето на ветингот како неопходен процес за државата.
-Груби и Граф се фокусираа на состојбите во регионот, со посебен акцент на постигнатиот договор меѓу Република Косово и Република Србија со што дадоа целосна поддршка за нормализација на односите меѓу двете земји, соопштауваат од кабинетот на Груби.