• Latest

Средба Кацарска – Дрекслер: Правната држава е основна тема за пристапните преговори со ЕУ

February 2, 2024
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Средба Кацарска – Дрекслер: Правната држава е основна тема за пристапните преговори со ЕУ

February 2, 2024 14:04
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска вчера одржала работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер.

На средбата, како што информираат од Уставниот суд, станало збор за актуелната состојба со пополнетоста на судиските места, за напредокот кој го направи Уставниот суд во изминатите три години во полето на транспарентноста, ажурното решавање на предмети и покрај фактот што Судот речиси 17 месеци работеше на раб на кворум, а останатиот период функционираше без една третина од судиите.

-Претседателката Кацарска информираше дека во Уставниот суд значително е намален просекот на времетраење на постапките, од девет месеци, на шест месеци, а согласно последните статистички податоци, постапките во Уставниот суд се решаваат во просек за помалку од три месеци, се наведува во соопштението.

Од аспект на надградба на капацитетите на Уставниот суд, Кацарска истакнала дека со сопствени финансии Судот реализирал крупни капитални инвестиции во последните две години со акцент на опремувањето на сервер салата, безбедносни врати, како и просторија за класифицирани информации.

-Амбасадорката Дрекслер констатираше дека СР Германија досега дала поддршка за потребите на Уставниот суд преку германската фондација ИРЗ и најави дека и во периодот кој следува ќе останат истите заложби за заедничка соработка, се наведува во соопштението.

Германската амбасадорка ја поддржала важната улога на уставните судови за обезбедување на владеење на правото.

-Правната држава е основна тема за пристапните преговори со ЕУ. Од тие причини, работата на Уставниот суд е аспект кој се зема предвид во Извештајот за напредок на земјата од страна на Европската Комисија за Северна Македонија, нагласила амбасадорката Дрекслер.

Таа ги поздравила напорите на претседателката Кацарска за ефикасност и за зајакнување на безбедносните аспекти внатре во Уставниот суд. 

Tags: ГерманијаДрекслерКацарскаУставен суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ