Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот мировен форум се сретна со првиот човек на фондацијата Отворено општество, Александар Сорос.
Во објавата на социјалните мрежи Александар Сорос напиша дека е добро да се види Ковачевски расположен и насмеан.
„Добро беше да се види Димитар Ковачевски со добро расположение и насмеан, иако ја има една од најтешките работи од сите премиери во Европа“ напиша Александар Сорос.
Ковачевски во Париз имаше и работна вечера во Елисејската палата, со претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, каде што се споделила определбата за здружено дејствување и ефикасни одговори на актуелните предизвици во светот.
Шестото издание на Парискиот мировен форум, насловено „Потрага по заеднички јазик во свет на ривалство“, беше посветено на најголемите предизвици на денешницата и потрагата по ефективни одговори на најитните предизвици во светот, како што се војната во Украина и конфликтот меѓу Израел и Хамас на Блискиот Исток.