Преставници на ЦИВИЛ денеска остварија средба со членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по повод почетокот на реализацијата на проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“.
Претставниците на организацијата ги информира членовите на КСЗД за активностите во рамки на проектот, што ќе бидат насочени кон промоција на мултикултурализмот, почитувањето на различностите и недискриминацијата во општеството како фундаментални човечки и европски вредности.
Членовите на КСЗД, истакнувајќи ја важноста на темите опфатени во проектот, изразија поддршка за активностите на организацијата и заложбите за мултикултурно општество.
Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“ опфаќа три големи области на дејствување на организацијата во овие области. Како и претходно, така и во наредниот период, ЦИВИЛ ќе го следи, но и ќе даде свој придонес кон спроведувањето на стратегијата „Едно општество за сите“, а ќе понуди идеи и за креирањето на Стратегијата 2023-2025 година.
ЦИВИЛ ја спроведува иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“ со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.