Претставниците на ЦИВИЛ денеска одржаа работен состанок (брифинг) и со Националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, посветен на Стратегијата „Едно општество за сите“, по што следеше и интервју.
Алаѓозовски го информира ЦИВИЛ дека Стратегијата останува меѓу врвните приоритети на Владата и ја потврди заложбата за соработка со граѓанското општество во унапредување и спроведување на Стратегијата.
Резултатите од брифинзите со претставнички и претставници на Владата, локалната самоуправа, граѓанското општество и медиумите се дел од анализите и креирањето документи за политики и препораки на ЦИВИЛ. Интервјуто со Алаѓозовски ќе биде објавено кон крајот на оваа недела.