Премиерот Зоран Заев, придружуван од Кочо Анѓушев и од министерот за економија Крешник Бектеши, денеска оствари средби со комесарот за проширување на ЕУ и за соседска политика во Европската Комисија Јоханес Хан, и со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во рамките на агендата за време на неговото учество на владината делегација на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
На средбата беше констатирано дека спроведувањето на историскиот Договор од Преспа се одвива според планираното, и дека сега е време сиот напор на политичките процеси во Република Македонија да се фокусира на нагласена имплементација на реформите, за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ.
Премиерот Зоран Заев потенцираше дека земјата е целосно подготвена за тој значаен чин, како еден од двата врвни приоритети на Република Македонија на меѓународен план во 2019 година.
А. П.