• Latest

Среќа е да бидеш погребан: Преполна парцела со гробишта на озлогласената приватна армија „Вагнер“

February 11, 2023
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Среќа е да бидеш погребан: Преполна парцела со гробишта на озлогласената приватна армија „Вагнер“

February 11, 2023 12:47
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Светската агенција Ројтерс објави сторија за бројните нови гробишта на припадниците на озлогласената приватна армија „Група Вагнер“ во едно село во јужниот дел на Русија. Новите гробови даваат увид во профилот на припадниците на „Група Вагнер“ кои се борат – и умираат во огромен број – за злосторничката приватната армија на Јевгениј Пригожин. 

Истражувачките новинарски екипи во соработка со Ројтерс, откриваат дека кон крајот на минатото лето (2022), празна парцела на работ на мала земјоделска заедница во јужна Русија почна да се полни со голем број нови гробови на борците убиени во Украина. 

„Почивалиштата беа украсени со едноставни дрвени крстови и венци со светли бои кои ги носеа ознаките на руската групација Вагнер – страшна и таинствена приватна армија“, пишува во извештајот на Ројтерс објавен на 26 јанураи. 

Имаше околу 200 гробови на локацијата на периферијата на селото Бакинскаја во регионот Краснодар, кога Ројтерс го посети кон крајот на јануари. Новинската агенција ги усогласи имињата на најмалку 39 од загинатите и на три други блиски гробишта со руските судски записи, јавно достапните бази на податоци и сметките на социјалните мрежи. Ројтерс разговараше и со семејствата, пријателите и адвокатите на некои од загинатите.

Многу од мажите закопани во Бакинскаја беа осуденици кои беа регрутирани од „Вагнер“ минатата година, откако неговиот основач, Евгениј Пригожин, вети помилување доколку затворениците преживеат шест месеци на фронтот, покажува извештајот на Ројтерс. Меѓу нив имало еден платен убиец, убијци, криминалци од кариера и луѓе со проблеми со алкохолот.

Со месеци, Вагнер е заглавен во крвава битка до истребување, за да ги заземе градовите Бахмут и Соледар во источниот украински регион Донецк. Западните и украинските извори јавуваат дека „Вагнер“ ги користи осудениците како топовско месо за да ја совладаат одбраната на Украина. Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби, најавувајќи заострување на санкциите за оваа група, ја нарече „криминална организација која врши широко распространети злосторства и кршење на човековите права“. Во краткиот јавен одговор до владата на САД, Пригожин побара од Кирби „да објасни какво злосторство е извршено“ од Вагнер.

Но тоа не е сè. Бројни се сведоштвата за тоа дека „вагнеровците“ често ги оставаат телата на своите паднати соборци да се распаднат. 

Извор: REUTERS

Tags: Вагнервојнагробиштазагубируски агресорУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ