• Latest

ССНМ: Медиумската заедница да се солидаризира со дописниците на МПМ!

December 1, 2016

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ССНМ: Медиумската заедница да се солидаризира со дописниците на МПМ!

December 1, 2016 19:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) им нуди правна помош на новинарите-дописници, на кои медиумската компанија „Медиа Принт Македонија“ им должи исплата на хонорари од јули годинава. Синдикатот воедно ја повикува медиумската заедница да се солидаризира со дописниците, зашто проблемот е резултат на долгогодишниот третман на новинарите од МПМ.

ssnm-1

„Потребно е препознавање на проблемот, но и солидарност од медиумската заедница и организирање на новинарите, доведени во таа позиција. Затоа што, само организирани, колективно можат да ги сменат односите, коишто се во старт неповолни за нив. Тоа значи синдикално организирање, солидарно одбивање да се потпишат неповолни договори во кои не е наведен рокот за исплата и во кои медиумот има минимум, а новинарот максимум обврски“, вели за Грин ЦИВИЛ, Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.

Синдикатот ги поддржува новинарите, во заложбите да дојдат до соодветна наплата на трудот, затоа што „со години работат без било какви обезбедени технички средства, без ограничено работно време, без слободни денови и со најнизок платен труд, третирани како ‘новинари од втор ред’ во македонските медиуми, кои лесно, преку ноќ, можат да бидат отпуштени без обесштетување и без каква и да е законска, но и морална обврска на  медиумот за кој работеле со години“.

mpm-2

Десетината дописници на МПМ најавуваат радикални мерки, за да го манифестираат нивното незадоволство, зашто од јули годинава, не добиле ниту денар. Компанијата им должи од 20.000 до 100.000 денари, секому според сработеното.

„Нѐ известуваат дека компанијата е во тешка финансиска состојба. Но, ако е така, како тогаш, имаат пари за вработените, за хонорарците кои работат во скопските редакции, а немаат само за нас, десетмината, кои работиме од основање на весниците до денес. Не сме одбиле работна задача, одиме на терен, сами ги покриваме трошоците за телефон, не сме добиле никакви средства за работа од медиумите“, велат дописниците.

Грин ЦИВИЛ и денеска се обиде, но не доби одговор, од медиумската компанија МПМ, затоа што вработените, само ги пренасочуваа телефонските линии од еден на друг локал.

МПМ е компанија за која во јавноста се перцепира како блиска до власта. Промената на уредувачката политика, резултираше со пад на читаноста на трите весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“, коишто, уште при нивното основање, во првите години на македонскиот медиумски плурализам, ги ангажираа критичките новинарски пера. Но, со смената на сопствениците и со промената на уредувачката политика, најголем дел од квалитетниот новинарски кадар доби отказни решенија, а весниците сега се борат за опстанок, бидејќи значително е редуциран бројот на читатели на розови „вистини“ и некритички текстови, коишто ги полнат страниците.

Моника Талеска  

Tags: ВестГрин ЦИВИЛДневникдописнициМПМССНМТамара ЧаусидисУтрински весникхонорари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ