Шведскиот амбасадор Матс Стафансон, по ратификацијата на Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО, ја поздрави одлуката и на социјалните мрежи објави:
Грчкиот парламен, прва од земјите членки, само што го ратификуваше пристапувањето на Македонија во НАТО (153 гласа ЗА, од 300 членови на парламентот). Преспанскиот договор сега стапува во сила и „ФИРОМ“ исчезнува засекогаш, а „Република Северна Македонија“ го зазема своето место во претстојните денови или недели.
Ова можеби изгледа како мал чекор за човештвото, но е огромен позитивен чекор за регионот.