• Latest

Станковиќ: Македонија да стане држава во која криминалците наместо во политика, ќе одат во затвор!

July 15, 2016
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

Кошта до Вашингтон: Сојузници не се закануваат дека ќе се мешаат во демократијата на своите партнери

December 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025: (Не)научени лекции – Формален ритуал наместо вистински демократски процес

December 8, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Молкот на граѓаните ја легитимира корупцијата

December 8, 2025
фото: ВИ

„Младите бегаат, мигранти доаѓаат“: СДСМ го обвинува Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Милошоски демантира – „тоа се спинови“

December 8, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Арно што Трамп не беше претседател на САД во 1941 година

December 8, 2025
Фото: Фејсбук на Ивица Томовски, директор на СОЗР

СДСМ бара истрага за Томовски: Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата

December 8, 2025

(ИНФОГРАФИК) Хибридниот арсенал на Русија: Како Москва напаѓа без да објави војна

December 8, 2025
Џабир Дерала, ЦИВИЛ (Фото: Г. Н. / ЦИВИЛ)

Дерала: „Хоризонти на слободата“ ги обединува демократските гласови од Европа, САД и регионот

December 8, 2025
Скриншот од видео на
APT

Рускиот Африкански корпус, замената за Вагнер во Мали, врши воени злосторства, вклучувајќи силувања и обезглавувања

December 7, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ не се извинува на Томовски, бара од  Обвинителството и ДКСК да покренат истрага – директорот на владината СОЗР најавува тужба

December 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Станковиќ: Македонија да стане држава во која криминалците наместо во политика, ќе одат во затвор!

July 15, 2016 10:23
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Имавме една страотна декада, во која како со гума беше избришана правната држава. Имавме декада на тотално безумие во кое киднапираните институции и целото партизирано општество станаа сопственост на една Фамилија, во сицилијанско значење на тој збор, и многу ми е жал што до ова будење на граѓаните на Македонија, доаѓа по цела деценија, Иако ние, со едно избрзано востание и со доцнењето во Јајце, сме познати како нација и држава која тешко го погаѓа тајмингот, сепак, подобро е и некогаш, отколку никогаш!“, рече уредникот на ЦИВИЛ Медиа, Синиша Станковиќ, на промоцијата на публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“.

„Кога минатата година, ова време, во ЗНМ го најавивме овој проект, некој да ми кажеше дека ќе живееме турбо-година, дека во одредени моменти, најискрено нема да знаеме каде ќе се патува дента, со оглед на посетите на над 50 градови и на средбите со над 20.000 граѓани на инфо-штандовите, на јавните настани, на семинарите, на средбите со фокус-групите и на средбите со граѓаните на улица, немаше да му верувам… Јас често се шегував дека сме како рок група, заради тоа што лично сум мрзлив и не сум многу расположен за патување, меѓутоа, оваа година повеќе бевме во автомобил и на средби со луѓе, отколку што бевме во канцеларија. Да ми речеше некој дека ќе објавиме за една година 150 видео изјави, 80 видео интервјуа, едно чудо текстови…, и дека појдовна точка за тие текстови на сајтовите на ЦИВИЛ ќе бидат извештаи од граѓани на Македонија, сигурно немаше да му верувам, колку и да бев оптимист, во поглед на успешноста на проектот, тогаш – во јули 2015 година“, рече Станковиќ.

„Но, како роден песимист, или оптимист со искуство, сега сум на пресвртница да поверувам дека во Македонија може и нешто да се случи! За една година, во Македонија работите се поместија од мртва точка. Имавме една страотна декада, декада во која како со гума беше избришана правната држава. Имавме декада на тотално безумие во кое киднапираните институции и целото партизирано општество станаа сопственост на една Фамилија, во сицилијанско значење на тој збор, и многу ми е жал што до ова будење на граѓаните на Македонија доаѓа по цела деценија, Иако ние, со едно избрзано востание и со доцнењето во Јајце, сме познати како нација и држава која тешко го погаѓа тајмингот, сепак, подобро е и некогаш, отколку никогаш!

Некако, по една година и по неверојатната агенда во оваа година, дојдовме до крајот на овој проект, што најоптимистички ќе го продолжиме со следниот проект чиј банер е зад мене  – проектот ‘Напред!’. Не знам дали дното е филозофска категорија, не знам дали Македонија може подолу и подлабоко да потоне, но знам дека веќе е во прашање и нејзиниот опстанок како држава и дека ние, едноставно, назад не можеме. Македонија мора и може напред! ЦИВИЛ – Центар за слобода, редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, која е составена од извонредни млади луѓе, на некои од нив, доаѓањето во ЦИВИЛ им беше прво новинарско искуство, известувачите од терен…, едноставно, мора да одат напред. Откако медиумите во Македонија почнаа вестите да ги добиваат од еден центар за лаги и манипулации и ги укинаа дописниците и од внатрешноста, за странство да не правиме муабет, вестите од лице место, од терен, Street Media, граѓанските новинари…, сето тоа охрабрува дека нешто се менува. На крилјата на Шарената револуција, на крилјата и на луѓето што протестираат со месеци на улиците, се надевам дека она јакнење на свеста, со кое го почнавме овој проект, ќе продолжи и дека во Македонија ќе дојде до промени кои се неизоставни и неминовни“, оптимистички најави уредникот на ЦИВИЛ Медиа.

„Сите деца во Македонија се обременети со долг од по 2.330 евра, по глава на жител од раѓање, и затоа, сакам да верувам во промени кои ќе значат дека некое од нашите деца ќе посака и да остане во Македонија. Не само оние кои немаат шанса да побегнат, туку и оние кои можат, дека ќе посакаат да останат, зашто ќе имаат каква-таква иднина, секако подобра од реалноста во која живееме цела деценија…

Вчера напишав дека публикацијата ‘Слободни избори: Услов за кој не се преговара’ е неминовна лектира, за сите оние кои сé уште имаат надеж дека може да одиме, затоа што сакаме – напред. Во оваа публикација, колку и да е грда сликата на македонската реалност, нема разубавување, туку се работи за соголување на она што го живееме, за што сме сите свесни. Во публикацијата се поместени преку 1.000 информации од македонски граѓани кои биле онеправдани, дали според политичка афилијација, дали според дискриминација по било кој основ за кршење на нивните права. Илјада храбри граѓани прозбореле! Најголемиот дел ги оставиле своите податоци, иако побарале нивниот идентитет да биде сокриен и да биде познат само на соговорникот од ЦИВИЛ, меѓутоа, тоа е огромен чекор. Македонија е темен вилает 10 години и живее во неверојатен страв. Кога ни приоѓаа луѓе на штандовите во тие 50 општини, кога доаѓаа да ни шепнат –  „ај’ зад гранапчето да ви кажам што ми се случува“, тоа беше промена.. Едноумието во време на комунизмот е заменето со безумие и, за жал, изарчивме четврт век, наместо напред – одевме наназад“, констатираше Станковиќ.

камери и свеќи

„Во оваа публикација, на овие 180 страници на три јазика, можете да прочитате работи кои ќе ве изненадат. Мене не ме чуди што од содржините е изненаден заменик амбасадорот на Германија, не ме чуди ни што нашите соработници од Хрватска, со кои сме живееле во иста држава, не можеа да веруваат кога ги пишуваа своите анализи, според извештаите од лице место, дека е тоа можно во 21. век во една европска држава – зашто, колку и да сме балканска држава, сепак сме дел од Европа – ме исплаши тоа, што и ние бевме шокирани дека такво нешто е можно. Во Македонија – правната држава е мисловна именка!

Оваа публикација е еден, сигурно недоволен, меѓутоа еден чекор напред, еден чекор кон охрабрување на македонските граѓани и граѓанки, да проговорат. Со тоа е  исполнета целта на проектот ‘Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани’, заради тоа што нашата основна цел, како што беше и наслов на некои од нашите јавни настани, беше и – ‘Сите за слободни избори!’

Слободните избори, и во Македонија, како во целиот цивилизиран свет, да станат услов без кој не се може, и за кој да нема зошто да се преговара, избори кои се нешто иманентно на нормални и цивилизирани луѓе. Затоа ја минавме оваа година во автомобил и на плоштадите на 50 општини, затоа со проектот ‘Напред!’ и ќе продолжиме. Ќе продолжиме и со каравани низ Македонија, верувајќи силно дека следната година, во ова време, ќе разговараме за успешно спроведените, фер и демократски избори, без тие ‘кредибилитети’, едноставно, за нормални избори во нормална држава, во која се поднесува отчет, се поднесува одговорност и во која криминалците одат во затвор!“, резимираше Станковиќ.

Tags: „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“Деценија на безумиеСЛободни избори: Услов за кој не се преговарафамилијаЦивил – Центар за слобода
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кривична за Костадинов за набавка на електрични автобуси, екс-градоначалникот на Струмица ги отфрла сите сомнежи

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ