Поранешниот командант на НАТО, генералот Џејмс Ставридис за Гласот на Америка на српски јазик, изјавил дека „следен чекор кон обединување и зацврстување на Балканот“, би бил приемот на Македонија како следна држава-членка на Алијансата.
„Се надевам дека Грција ќе биде во можност да работи со Македонија во решавање на спорот со името, со што ќе се отвори врата и за Македонија да влезе во НАТО“, изјавил генералот Ставридис
По изборот на новата македонска Влада, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека за да ја забрза евроатлантската интеграција, Македонија треба да ги спроведе потребните реформи, особено, во сферата на владеење на правото, „Како што Скопје ќе напредува, НАТО ќе продолжи да обезбедува поддршка, преку нејзината канцеларија во главниот град“, порача Столтенберг.