Целите на Русија за воспоставување институционална контрола врз окупираните територии на Украина не успеаја, пренесува Укринформ.
„Првичните цели на Русија за контрола на големи делови од Украина не беа ништо помалку од целосен неуспех. Кремљ веројатно смета дека насилното задржување на Керсон ќе и обезбеди на Русија копнеен мост до Крим, како и стекнување некаква таканаречена победа и обид за оправдување кај домашната публика во Русија -заилјадниците животи што војната по избор на Путин ги уништи“, изјави во вторникот портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс, пренесува Си-Ен-Ен.
Тој нагласи дека полномошниците на Кремљ не можат да добијат никаков легитимитет на окупираните територии.
„Русија речиси сигурно не успева да добие легитимитет за прокси владите на новозаземените територии во Украина, бидејќи протестите продолжуваат, а жителите одбиваат да соработуваат“, додаде Прајс.
Прајс истакна дека САД остануваат „загрижени за чекорите што Русија ги презема во обид да ја институционализира контролата врз суверена украинска територија, особено во украинскиот регион Керсон“.
„Кремљ веројатно има неколку пристапи, од признавање на таканаречената Народна Република, како што Русија насилно направи во Доњецк и Луганск, до обид за анексија, исто како што направи Русија на Крим“, резимира портпаролот на Стејт департментот на САД.
Од 24 февруари, кога Русија започна нова фаза од осумгодишната војна против Украина – целосна офанзива, масовно гранатирајќи и бомбардирајќи мирни украински градови и села, вооружените сили, силите за територијална одбрана и целиот украински народ ефективно се спротивставуваат на руските трупи и им нанесуваат големи загуби.
Подготви: Д.Мишев