САД внимателно ги следат одлуките донесени од кинеската влада за да се осигураат дека Пекинг нема да и помогне на Москва да набави оружје или воена опрема и да ги избегне санкциите, изјави на брифинг портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс, јави дописникот на Укринформ.
„Ние многу внимателно ги следиме одлуките што НР Кина ги носи кога станува збор за какви било руски барања за безбедносна помош“, изјави Прајс.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент потсети дека Русија била принудена да се обрати до Иран и КНДР за безбедносна помош токму затоа што земјите од Запад „ја изгладнуваат руската држава од инпутите што и се потребни за да ја гони војната против Украина“.
Тој нагласи дека американската страна и пренела многу јасна порака на Кина, „вклучително и приватно, кога двајцата претседатели се сретнаа на Бали минатиот ноември“. Според него, Кина ќе се соочи со сериозни последици доколку одлучи „да и помогне на Русија во систематски напор да ги избегне санкциите на САД или во обезбедувањето безбедносна помош што потоа би се користела против украинскиот народ во Украина“.
Подготви: Д. Мишев