• Latest

Стејт департмент: Властите во Србија да ги истражат наводите на ОБСЕ за изборите, насилството е неприфатливо

December 25, 2023

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стејт департмент: Властите во Србија да ги истражат наводите на ОБСЕ за изборите, насилството е неприфатливо

December 25, 2023 18:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот Стејт департмент ги повика властите во Србија да соработуваат со мисијата на ОБСЕ во истрагата за наводите за изборни нерегуларности, нагласувајќи дека насилството врз новинарите, набљудувачите и изборните службеници е „неприфатливо“.

„Фокусирани сме на соработката со Србија за зајакнување на демократската власт и владеењето на правото, подобрување на регионалната соработка, продолжување на економскиот раст и забрзување на напредокот на Србија на патот кон членство во Европската унија. Иднината на Србија е на Запад“, се наведува во писмениот одговор на Стејт департментот на прашањето на Гласот на Америка за новите протести во Белград кои во неделата станаа насилни, пренесува МИА.

Легитимноста на демократските процеси, додаваат, зависи од транспарентноста и подготвеноста на сите учесници да ја прифатат изборната волја.

„Со загриженост ги забележуваме наодите на ОДИХР дека изборите беа нарушени со бројни процедурални пропусти, притисоци врз јавните функционери и злоупотреба на јавните ресурси и дека овие фактори, заедно со системските предности на владејачката партија, создадоа нефер услови, се наведува во одговорот и се додава дека САД ја повикуваат Србија „тесно да соработува со ОБСЕ за да ги реши овие грижи“.

Во соопштението се додава дека партиите треба да пријават инциденти на изборни нерегуларности преку соодветни законски канали.

По парламентарните и локалните избори на 17 декември, најголемата опозициска листа „Србија против насилството“ ги обвини власта и Српската напредна партија за кражба и ги повика приврзаниците на протести.

Tags: избориОБСЕСрбијаСтејт Департмент
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ