Филип Стојановски – Метаморфозис на панелот на ЦИВИЛ „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“.
„Многу е важно да се каже дека овој проблем е многу комплексен, и делумно потекнува од ранливоста на нашето општество на дезинформации, што е состојба којашто се констатира и вон контекстот на сегашната геополитичка состојба и војната против Украина. Од порано имаме ситуација во којашто низа причини, почнувајќи од квалитетот на образовниот систем, особините на медиумскиот простор, интерните структури за пропаганда и манипулации, коишто беа воспоставени со, и без руско учество… Имаме индикации дека дел од партиските структури се создадени и со руско учество, особено во периодот кога режимот на Груевски почна да се ниша, односно кога беше јасно дека не може да се одржи. Почнувајќи од 2015, по бомбите и после ситуацијата со Кумановските настани коишто коинцидираат со посета на тогашниот претседател на нашата држава на Кремљ, на настан кој беше бојкотиран од НАТО, на прославата на Денот на победата врз фашизмот, на 9 мај, заради тогаш почнатата војна против Украина.“, посочи Стојановски.
Д. Тахири
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети