• Latest

Стојнев за ДВ на бугарски јазик: Бугарија се враќа на погрешниот пат со Северна Македонија

January 25, 2023
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Стојнев за ДВ на бугарски јазик: Бугарија се враќа на погрешниот пат со Северна Македонија

January 25, 2023 12:17
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот и заменик-главен уредник на списанието БГлобал, Веселин Стојнев во својата колумна за Дојче Веле на бугарски јазик вели дека Бугарија се враќа на погрешниот пат со Северна Македонија.

„Колку повеќе им наметнуваме на Македонците дека сме биле едно, дека нивното е всушност наше, толку повеќе им ја разгоруваме желбата да бидат поинакви, се поразлични од нас Бугарите“, вели Стојнев и додава дека не станува збор за затворање очи пред изливите на омраза и пред бруталното претепување на македонскиот Бугарин Христијан Пендиков.

Земјава ја сфати сериозноста на случајот и министерот за надворешни работи Бујар Османи веднаш по инцидентот го посети Пендиков, а Пендаровски и Ковачевски го осудија настанот. Од друга страна, Стојнев вели дека Бугарија направи остри дипломатски гестови, искажа протест пред амбасадорот на Северна Македонија, го повика бугарскиот амбасадор во Скопје на консултации, со што предупреди на влошување на меѓудржавните односи, а претседателот, премиерот и парламентарните партии излегоа со гневни декларации.

Стојнев вели дека ставот на земјава дека бугарските културни клубови не можат да носат контроверзни имиња не е потврда за бугарската перцепција дека постои омраза кон луѓето со бугарска самосвет и тоа не е доказ дека земјава треба да остане надвор од ЕУ.

„Затоа што за голем дел граѓани на Северна Македонија, Ванчо Михајлов и цар Борис Трети не се само контроверзни личности (како што се и за многу Бугари), туку се директно поврзани со фашизмот. Не е важно дали ова е само делумно точно или воопшто не е точно. Генерации Македонци од Титова Југославија се воспитуваа во антифашистички наратив, кој ја вклучуваше и „окупаторска Бугарија“, без разлика каков придонес имаат самите Македонци во антифашистичкиот отпор. И нема начин насилно да им се наметне друг наратив, да им се наметне „историската вистина“. Бидејќи тоа не е само колонијален пристап, туку е и контрапродуктивен“, вели Стојнев и додава дека Формирањето македонска национална самосвест одамна е факт признаен дури и од најтврдокорните антимакедонски патриоти во Бугарија, кои сонуваат барем да ја реколонизираат македонската историја.

– Колку повеќе им наметнуваме дека сме едно, дека нивното е всушност наше, толку повеќе им ја разгоруваме желбата да бидат други, се поразлични од нас, заклучува Стојнев.

Тој потенцира дека многу посоодветно е бугарските културни центри во Северна Македонија да ги носат имињата на Климент Охридски и браќата Миладиновци.

„Која е поентата на овие културни центри ако се затворени и под стража и никој не влегува таму освен Бугари од Бугарија и граѓани на Северна Македонија со бугарска самосвест? И зарем не е многу поважно за нас, наместо да зјапаме во прославите на нашите соседи за историските личности кои сè уште нè разделуваат, да возвратиме, ако треба дури и да платиме за да гледаме неколку национални бугарски телевизии во Северна Македонија, како и нивни во Бугарија?“, прашува новинарот.

Тој понатаму исто така се осврнува на улогата на Русија на Балканот и истакнува дека не се за потценување зборовите на претседателот Пендаровски дека руските служби ги координираат од Бугарија провокациите во Северна Македонија, ниту, пак, неговиот апел, на бугарските националисти, вклучително и пратеник на Европскиот парламент и лидер на невладина организација, да не им се дозволи влез во земјава.

„Можеме да бидеме сигурни дека и руските служби немаат помало влијание крај Вардар, откако беа вмешани и во нападот на парламентот во Скопје во 2017 година. Бидејќи Кремљ нема никаков интерес за вистински интегрирани балкански земји во ЕУ, таму му требаат тројански коњи, како што се обидува да ја претвори Бугарија од самиот почеток на нејзиното членство во ЕУ. И што би било подобро за Путин, ако Бугарија и Северна Македонија сè пожестоко се гризат и клоцаат една со друга дури и пред да живеат заедно во Европската Унија“, завршува Стојнев.

Извор: фронтлајн.мк

Tags: Бугаријакултурни клубовиСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ