• Latest

Столтенберг: Не гледаме воена закана која би дошла од Русија против кој било сојузник на НАТО или регионот

November 21, 2023
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025

Ново обвинение за Мерко за осветлувањето на коритото на Црн Дрим

September 17, 2025
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Вдовицата на Алексеј Навални тврди дека лабораториските тестови докажуваат дека рускиот опозициски лидер бил отруен во затвор

September 17, 2025

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Столтенберг: Не гледаме воена закана која би дошла од Русија против кој било сојузник на НАТО или регионот

November 21, 2023 18:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ние не гледаме некоја воена закана којашто би дошла веднаш од Русија против кој било сојузник на НАТО или регионот. Но секако остануваме претпазливи, одблизу набљудуваме што прави Русија и ќе останеме обединети, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски.

Ние имаме воено присуство во овој регион со КФОР, со ГШ во Сараево и со Канцелариите во Белград и подготвени сме брзо да се засилиме и да направиме се што треба за да го одбраниме секој сојузник од каква било закана. Но сепак не гледаме нешто што би дошло како закана против кој било НАТО сојузник. Исто така, продолжуваме да ја повторуваме нашата порака до Русија дека треба да се воздржат од агресивните дејства против соседите и да ја сопрат војната агресија против Украина. И секако тие треба да го почитуваат меѓународното право затоа што секоја нација има право да го избере својот пат, истакна Столтенберг на новинарско прашање како ја коментира минатонеделната изјава на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека има информации дека Русија има план за воена дестабилизација на Балканот.

Една од причините, како што нагласи Столтенберг, поради која Путин тргна во војна против Украина е дека тој не сакаше Украина да се приклучи кон Алијансата.

Всушност сакаше и многу повеќе од тоа. Сакаше НАТО да гарантира дека нема да има натамошно проширување на НАТО, да ги тргне сите свои сили од источниот дел на Алијансата. Путин го добива токму спротивното. Добива повеќе НАТО, поголемо присуство на НАТО во источниот дел од Алијансата и сега доаѓаме и до нови НАТО членки – Финска и Шведска. Ова е голем стратешки пораз за Путин и покажува дека било голема грешка да се нападне Украина. Ја поздравувам поддршката што ја добиваме од Северна Македонија, сојузниците на НАТО. Сакам да продолжиме да ја поддржуваме Украина. Имаше и најави од Германија и од САД за повеќе воена поддршка во Украина. И ние ќе продолжиме да бидеме таму да ја браниме Украина и нејзиното право на самоодбрана против руската агресија, потенцира шефот на НАТО.

Во однос на истото прашање премиерот Ковачевски истакна дека информациите кои ги разменуваме со институциите внатре во државата, меѓутоа и со земјите сојузнички во НАТО е дека нема закана за безбедноста и стабилноста на нашата земја. Потенцирам дека ние а и останатите земји членки на НАТО се бориме против руското влијание во регионот.

Ние сме земја на НАТО и ве уверувам дека институциите си ја вршат својата раабота. И да не заборавиме дека и сите субјекти и политички чинители имаат обврска да придонесуваат за заеднички мир и стабилност. Секако дека влијание на трети земји вклучително и руско влијание постои во регионот и тие секогаш се во можност да пронајдат свои истомисленици во поединци, во одредени политички партии и во одредени организации. Меѓутоа сепак тие не се ниту на приближно ниво, на она што го поседуваат нашите институции, што го поседуваат земјите членки на НАТО и што го поседуваат нашите безбедносни служби за да бидат во можност да направат какво било дестабилизирање на нашата држава, нагласи премиерот Ковачевски.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: виена заканаКовачевскиНАТОРусијаСтолтенберг
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    228 shares
    Share 91 Tweet 57
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ