Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и даде големо значење на улогата на претседателот на САД Доналд Трамп во напорите за зголемување на расходите за одбрана на земјите членки на Алијансата.
Столтенберг го пофали Трамп за неговото „лидерство по прашањето за расходите за одбрана, затоа што е многу важно сите повеќе да придонесуваат за општата безбедност“.
Тој додаде дека дејствувањето на Трамп „има реален ефект и тоа е видливо, затоа што сите сојузници додаваат милијарди во буџетот“.
Земјите членки на НАТО се договорија да даваат два проценти од бруто домашниот производ за одбрана, но откако Трамп дојде на функција, критикуваше многу од нив дека не ги исполнуваат своите ветувања.
Столтенберг е во посета на Вашингтон со цел преговори пред Самитот на НАТО во Брисел во јули. (МИА)