• Latest

Стопанска комора: Да се повлече новиот закон за игри на среќа, ќе ги затвори компаниите и ќе поттикне сива економија

March 8, 2023
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стопанска комора: Да се повлече новиот закон за игри на среќа, ќе ги затвори компаниите и ќе поттикне сива економија

March 8, 2023 12:26
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш јавно го изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носењето на новиот закон за игри на среќа кој се наоѓа во собраниска процедура (изгласан на седница на Влада на 21 февруари 2023). За членките на Групацијата, постапката која се спроведува за носење на законот во Парламентот е спорна по неколку основи. Тие бараат од Предлог-законот да биде тргнато европското знаме и текстот целосно да биде повлечен за да се остави простор за широка дискусија во која бизнис секторот ќе може да ги аргументира своите ставови, со цел носење ефикасен и европски закон.

Од компаниите-членки на Групацијата директно и индиректно редовни примања добиваат околу 54 000 луѓе. Укажувањата се дека ако се изгласа законот како што е предложен, ќе се стави клуч на врата на легалните приредувачи на игри на среќа, но играњето нема да запре, играчите ќе бараат алтернатива и ќе се префрлат на нелегални локации, каде државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите.

-Прво, на новиот Закон за игри на среќа се става европско знаме иако во Европската Унија не постои посебна Директива која ги уредува игрите на среќа, туку е оставено секоја земја поединечно да го регулира законското работење. Европското знаме на овој нов предлог закон се става само со повикување на Препораката од ЕУ – CELEX32014H0478 која се однесува на заштита на потрошувачите и играчите на интернет игри на среќа и спречување на малолетниците за учество во интернет игрите на среќа. Оваа препорака не е обврзувачка ниту за членките на ЕУ а уште помалку за пристапните земји членки. Преку ставање на ЕУ знаме на Законот, истиот наместо во матичната комисија за финансирање и буџет, ќе биде ставен на разгледување во Комисијата за европски прашања во Собранието на РСМ, а со тоа се оневозможува да се отвори јавна расправа по предлог законот. Второ, иако образложението е дека новиот Предлог-закон се носи со цел да се унапреди дејноста, всушност измените ќе значат тотално гаснење на индустријата на игри на среќа и ќе поттикне сива економија во дејноста, која сега со постојната законска регулатива е на исклучително високо ниво регулирана и усогласена со европските закони, наведува Комората.

Комората укажува и дека Предлог-законот не се носи во транспарентна процедура со што, како што подвлекува, се заобиколува правната сигурност во дејноста во која за своето работење сите компании имаат важечки лиценци за работа со кои се обврзуваат и гарантираат почитување на пропишаните законски прописи, регулативи и норми.

-Во Предлог-законот и овој пат е изоставен делот со кој се овозможува приредувачите да организираат онлајн игри на среќа како во сите европски земји. Приредувачите на игри на среќа како општествено одговорни компании продолжуваат и со активни едукативни кампањи и силна финансиска поддршка, поради што постои верување дека укажувањата на бизнисот ќе бидат земени во предвид и во Собранието нема да се изгласа закон чии штетни последици ќе бидат повеќекратни, истакнува Стопанската комора.

Tags: законигри на среќаСтопанска комора
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ