• Latest

Стеријовска: Слободата на изразување е простор за креирање на политики за општо добро

January 10, 2018
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стеријовска: Слободата на изразување е простор за креирање на политики за општо добро

January 10, 2018 15:22
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Ирена Стеријовска, активистка, за слободата на изразување и како таа може да придонесе за општествено добро.

Што подразбирате по слобода на изразувањето, медиумски слободи и активизам?

Стеријовска: Во суштина тоа е метод за да се стигне до општокорисна вистина, до вистината воопшто. Во таа смисла ја гледам како простор во која луѓето можат активно да учествуваат, мислам на активистите, новинарите…, со свој придонес да оформат некакви политики за општо добро. Еден популарен американски stand-up комичар рече дека политичката коректност на крајот ќе ја убие демократијата. Она што е битно да се знае е дека слободата на говор не треба да обременува туку да го штити општеството од негативните влијанија на јавниот говор.

Во тој контекст сметам дека секој кој јавно се изразува треба да ја земе предвид сопствената одговорност и она што може таа да предизвика. Исто така, треба да биде доследен на себе си и на своите верувања и најчесто тоа подразбира една борба со сите интереси сопствени и на другиот, зборувам од сопственото искуство и искуството на други луѓе.

Слободата на говор никогаш до крај не може да биде реализирана како апсолутна вредност, но сметам дека е стремеж кој секој треба да го брка…

Дали се соочувате со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со нив?

Стеријовска: Како еден од поактивните учесници на Шарена револуција и претходно во повеќе формални и неформални граѓански иницијативи сум се соочила, но не толку од политички центри на моќ, туку го почувствував  негативното влијание на јавниот говор, што доведува до негативни емоции и атмосфера. Мене лично не ми се заканиле, барем не од релевантни политички фактори, но ми се заканиле луѓе чиј говор на омраза бил јавно таргетиран.

Јас не верувам дека одбегнувањето на конфликт е ситуација во која кој било победува. Од такви ситуации може само да се научи. И колку и да звучело апсурдно во моментот да се влегува во такви ситуации сум се обидувала на цивилизиран начин да ги решам конфликтите. Човек треба да биде доследен на сопствената логика…

Кои се вашите препораки во контекст на слободата на изразување?

Стеријовска: Сметам дека голем дел од општествените и цивилизациски придобивки светот полесно може да ги присвои како свои, ако повеќе чинители од различни страни покажат дека одреден став може да придонесе за општествено добро…

Маја Ивановска

Камера: Дехран Муратов


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: Ирена Стеријовскаслобода на изразување
Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ