• Latest

Стручни здруженија и организации бараат од Владата и МОН воведување на сеопфатното сексуално образование во училиштата

September 15, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Стручни здруженија и организации бараат од Владата и МОН воведување на сеопфатното сексуално образование во училиштата

September 15, 2022 13:32
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

 Едногласно барајќи од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за образование и наука да им осигураат системски пристап до научно засновани информации за сексуалното и репродуктивното здравје на сите млади во земјава, релевантните стручни здруженија и организации ја потпишаа Декларацијата „Со сексуално образование во училиштата до поздрава и побезбедна младина“ што беше претставена денеска на истоимената национална конференција во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување

Имајќи ја предвид загрижувачката состојба со здравјето и добросостојбата на младите во Македонија, што од година во година ја потврдуваат статистиката, но и искуството на самата професионална фела, поддршка за воведување и за ефективно спроведување на сексуалното образование како изборен предмет во 9-то одделение во основното образование, изразија Здружението на социјални работници на Македонија, Здружението на лекари Албанци, Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицина, Институтот за брак, семејство и системска пракса – Алтернатива, Македонското здружение на гинеколози и опстетричари, Македонското здружение на млади правници, Македонското лекарско друштво – МЛД и стручно-специјалистичките здруженија при МЛД, Психолошкиот центар Алтернатива, Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија, Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска, Центарот за семејна медицина при Медицинскиот фактултет во Скопје, како и организациите кои работат со млади и маргинализирани групи ХЕРА, Коалиција Маргини, Субверзивен фронт  и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Сите потписници сме сложни, како и поголемиот дел од јавноста, дека сеопфатното сексуално образование им е потребно на нашите деца и млади за да се развијат во здрави и емотивно здрели личности. Науката е на страната на сексуалното образование, а социјалните и здравствените индикатори одамна алармантни. Сексуалното образование е дел од бројни политики и закони, политичката волја за неговото воведување се‘ појасна во последните години. Она што денес ни недостига е имплементација, а најважно од се‘, па дури и предуслов за негово успешно спроведување, континуираната едукација на населението и сензибилизација на локалните заедници и на родителите за да им се спротивставиме на дезинформациите, лагите и говорот на омраза поврзан со ССО – нешто кон што сите можеме да придонесеме“, изјави г. Бојан Јовановски, извршен директор на ХЕРА во своето поздравно обраќање до присутните.

Кон придобивките од сексуалното образование се осврнаа и г. Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството Холандија и г. Иго Бештел, советник за соработка и културни прашања при Амбасадата на Франција и директор на Францускиот институт во Скопје, во чии земји сексуалното образование е дел од наставните програми со години.

По нив се обрати проф. д-р Катарина Ставриќ, координаторка на Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет во Скопје: „Како здравствен работник, педијатар и како професор на Медицинскиот факултет кој го води Центарот за семејна медицина, ја поддржуваме Декларацијата за воведување на сеопфатното сексуално образование затоа што здравјето не значи само отсуство на болест, туку и потполна физичка, ментална и социјална благосостојба. Наша работа не е само да лечиме болести, туку и да работиме на превенцијата, што подразбира промовирање здрави навики. И тука едукацијата е клучна. Ако сакаме поздрава и побезбедна младина, здравственото воспитување мора да почне од млади години.“

Потпишувајќи ја Декларацијата, стручната јавност побара и континуирано подигање на јавната свест за здравствените, емоционалните и социјалните придобивки за децата од учењето за сеопфатното сексуално образование, како и креирање посебни и инклузивни програми и механизми за заштита од насилство и дискриминација врз децата во основните и средните училишта.

Во тој контекст, прим. д-р Славица Гајдазис, директорка на Институтот за брак, семејство и системска пракса – Алтернатива, посочи: „На сите нас ни е повеќе од јасно дека зборуваме за млади луѓе кои се наоѓаат во период на адолесценција и доживуваат бурни промени на сите полиња. Тоа се ситуации коишто, разбирливо, може да ги вознемират, па понекогаш дури и исплашат. Си поставуваат прашања што е тоа што се случува со мене, стануваат љубопитни и истражуваат. Ако ние не им ги дадеме информациите, тие ќе ги наоѓаат таму што каде што им се достапни, и голем дел од нив ќе бидат дезинформации и заблуди, какви што се, впрочем, и повеќето што ги читаме за сексуалното образование. Темите за сексуалноста и интимноста отсекогаш биле тешки теми за разговор, но тие се неделив дел од сите нас. Ако сакаме младите да израснат во сигурни и стабилни личност, неопходни се поддршка и разбирање, но и навремен пристап до научно потврдени информации и тоа во образовниот процес, за што всушност и за залага оваа Декларација.“

Наташа Павиќевиќ Стојменовска, претставничка на Здружението на социјалните работници, дополни дека покрај младите, на сексуалното образование би можеле да се потпрат и родителите во грижата за здравјето на нивните деца: „Дозволете ми да потсетам дека сексуалното образование е препознаено и во самиот Закон за спречување на насилство врз жените и семејното насилство. Тоа е алатка која може да придонесе и кон соодветна социјална превенција од насилство меѓу младите.“

Поддршка за интегрирање на сеопфатното сексуално образование во формалниот образовен систем дадоа и пратеничките Маја Морачанин од ДОМ, Санела Шкријељ од СДСМ, Арбана Пашоли од ДУИ, Моника Зајкова од ЛДП и Њомза Шаќири од Алијансата за Албанците. Потсетувајќи на бројните препораки на меѓународни тела до земјава, како и на национални политики и закони на Република Северна Македонија, тие се согласија дека народните претставници и политичките партии имаат должност да осигураат навремена едукација за сексуалното и репродуктивното здравје и права на секој млад човек што, во најмала рака, би придонело кон ослабување на стереотипите и намалување на омразата и дискриминацијата кон жените и другите ранливи групи на граѓани во државата.

Интегралниот текст од Декларацијата е достапен на следниот линк.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ