Пред три дена (на 5 февруари) околу 22 часот изби пожар во интернатот на Исламското верско училиште во центарот на Штип. Пожарот беше брзо изгаснат од пожарникарите, објави Канал 77.
„Пожарот изби од струјомерот“, кратко одговорија од противпожарната служба од Штип, откако им се јавивме по вторпат, бидејќи при првото јавување немаа информации за случајот. Меѓутоа односот на службениците беше дрзок и затворија слушалка без да ни дадат простор да поставиме повеќе прашања.
Од штипската полиција ни одговорија дека случајот е пријавен еден ден подоцна, на 6 февруари.
„Екипа на МВР беше на местото на настанот и констатираше дека пожарот избил од елекричното броило. Причинета е само материјална штета и нема повредени. Причината за пожарот ќе се знае отако ќе се заврши истрагата, изјави за ЦИВИЛ Медиа, портпаролката на МВР од Штип, Гордана Панајотова.
Дехран Муратов