• Latest

Стечајците на дневен ред

September 19, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стечајците на дневен ред

September 19, 2017 11:39
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 12-та седница на која треба да расправа за Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, во јавноста познат како „Закон за стечајците“.

Законот е поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство, а со него се очекува да се реши статусот на стечајците кои не беа опфатени со претходниот закон.

Законот ги опфаќа невработените лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, по 1 јануари 1995 година, а заклучно со 31 декември 2016 година. Лица опфатени со законот, исто така, треба да имаат 15 години стаж и 52 години (жени), односно 55 години (мажи) до стапувањето во сила на овој закон.

Лилјана Георгиевска од здружението „Унит“ од Куманово, неформална лидерка на стечајните работници, за ЦИВИЛ Медиа неодамна изјави дека ветените од Владата – 7.596 денари, не се за потценување: „Тие се спас за стечајните работници, да можат да имаат за леб и за лекови. Не посакувам никој да се најде во ситуација на стечаец. Ова е геноцид на модерното време!“, истакна Георгиевска.

ЦИВИЛ Медиа разговараше и со Али Османи, стечаец, координатор на здружението „Унит“, кој уште во 2004 година останал без работа. Отогаш, не успеал да се вработи. „Не сум работел никаде откако ме отпуштија. Никој не сакаше да ме прими, поради возраста“, изјави Османи, изразувајќи надеж, дека со чекорите на новата Влада, ќе има леб за сите.

Д. Муратов

Tags: Али ОсманиЛилјана Георгиевскапретпријатија со доминантна сопственост на државатаСобраниестечајци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ