• Latest

Студентите без струја, Управата дома бидејќи немала услови за работа!

January 14, 2017

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Студентите без струја, Управата дома бидејќи немала услови за работа!

January 14, 2017 18:00
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Шестти ден од голготата со електричната енергија во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во центарот на Скопје. Од понеделникот најизменично остануваат без струја делови од домот, па студентите се приморани да се собираат во оние делови каде во моментот има електрична енергија?! Од четвртокот, речиси четириесет и осум часа, електрична енергија има само во неколку соби од Домот и тоа од време на време! 

ЦИВИЛ Медиа стапи во контакт со неколку студенти кои престојуваат во овој студентски дом. Тие инсистираа да останат анонимни, плашејќи се да не ги загубат и овие мизерни услови во кои престојуваат.

„Немаме услови за извршување на основните потреби, за капење одиме по другар/ки кои се сместени во станови, учиме во градските бибилиотеки, онаа во Трговскиот центар работи до 23 часот… Потоа, се враќаме во домот, се покриваме со сé што имаме, бидејќи нема ниту греење, и заспиваме во надеж дека кога ќе станеме, проблемот ќе биде решен“, вели еден од нашите соговорници.

Од ЕВН велат дека направиле сé што е во нивна моќ и дека проблемот не е до нив, туку до инсталацијата во објектот. Од Управата на Домот велат дека чекаат на ЕВН да го реши проблемот. И додека надлежните си ја префрлаат топката, студентите се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат.

„Денеска сум добро, се вратив дома“, вели студент, наш соговорник. „Вчера се обидов неколку пати да дојдам до некој од Управата, и на крајот, домарот ни кажа дека сите си заминале затоа што немало струја! А ние што да правиме? Јас морам да сум во Скопје, во тек ни е испитната сесија, но немав друг избор и морав да се вратам“

Еден од соговорниците „имал среќа“ и се сретнал со управникот на домот, кој му кажал дека се работи на санирање на проблемот и дека денес ќе има струја. До моментот на објавување на текстот, струја во домот сé уште нема.

„Управникот ни рече дека се работи за некаков кабел кој изгорел поради преоптоварената електрична мрежа и дека во текот на вчерашниот ден ќе го сменат и денес ќе имаме струја. Еве, сé уште не е ‘дојдена’“.

Студентите велат дека секоја година се соочуваат со истите проблеми. Инсталацијата во домот е стара и дотраена. Греењето исто така не функционира, радијаторите се толку „топли“ што ги користат како полици, вистинска среќа е да начекаат светло во тоалетите, па дури и домарот е приморан да прави импровизации за да им помогне кога имаат некаков проблем.

М. Ивановска

 

 

Tags: греењеЕВНструјастудентистудентски дом „Кузман Јосифовски Питу“супстандардни условиУправа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ